За магии, вештери и вештерки кои прават магични напивки во големи казани, сме читале и слушале во бајките за деца.

Но, за големо изненадување, дури и денес во 21 век некои луѓе за себе тврдат дека поседуваат моќи и знаења со чија помош можат да менуваат нечија судбина, да стекнуваат материјална добра во своја корист, да им нанесуваат штета на други луѓе, па дури и да ги маѓепсуваат и заведуваат.

“Уловете лилјак, зак*олете го со сребрена монета и исечете му ги крилјата.

Низ неговите крилја погледнете го човекот кој го сакате за себе, па од тој момент и тој вас ќе ве сака и посакува.”

Се прашувате како навидум стари луѓе имаат многу среќа со жените, а притоа немаат некоја спектакуларна пензија. Па еве го одговорот и рецептот од еден 65 годишен маж кој се преженувал неколку пати, а секојпат невестата ја бирал со помош на крилја од лилјак.

Меѓутоа тој тврди дека не е единствениот што ја користи оваа магија за заведување на жени. Според него, голем број луѓе од “духовниот круг” во кој и тој припаѓа, го користат овој “рецепт” за заведување на девојки на кои ќе им “фрлат око”.

Истото го прават и жените за да си уловат момче. “Уловете лилјак, зак*олете го со сребрена монета и исечете му ги крилјата.

Низ него погледнете го човекот кој го сакате за себе, па од тој момент и тој вас ќе ве сака и посакува.”

Ако пак мажот сака по него да лудува девојката, тогаш оди кај оџа, па овој му прави седум записи од хартија и седум од бакарен лим. Мажот секое утро фрла по еден запис од хартија и лим во оган и изговара магични зборови, како на пример:

-како што овој лим гори, така и таа (НН девојка) да гори со срцето и душата, додека да стане моја и појде за мене”.

-извадок од Народните верувања, збирката на НМД.мк