Интернетот е преполн со секакви трикчиња, а многумина од нив всушност даваат резултати, иако звучат малку чудно. Најчесто, популарните lifestyle блогери ви нудат по некој штос со кој ќе ви се олесни готвењето, за одржување на домаќинството и воопшто за работите околу домот.

Слаткарката Никол Вестон од Лос Анџелес тврди дека солта и омиленото овошје се навистина добитна комбинација, иако самата помисла на тоа е малку бизарна.

„Признавам, бев скептична кога првпат имав посолено парче лубеница во рацете. Во тоа време мојот пријател инсистираше дека мора да пробам, тврдејќи дека така, на овој начин таа е уште послатка. Пробав и беше во право – навистина е подобра кога е посолена“ – напишала таа.

Експертите тврдат дека умерено посолена лубеница е одлична работа, и дека е многу глупаво да не се проба овој совет. Имено, солта и дава многу поинтензивен вкус на лубеницата, бидејќи креира солено – слаткаст контраст, овозможувајќи на блажината да дојде до израз, а воедно поттикнува производство на плунка, што повторно, ова овошје го прави посочно.

Сепак, бидете внимателни – премногу сол нема да даде добар ефект. Доволно е прстофат сол да распоредите рамномерно по фелката лубеница која планирате со уживање да ја изедете.