Близнаци: 2019 година е годината кога конечно ќе ја пронајдете својата слобода. И покрај тоа што сте работеле на тоа, во минатото никогаш не сте успеале да зависите само од себе.

Сите Близнаци кои ја ценат независноста и слободата конечно ќе го пронајдат она што го бараат оваа година. Поради тоа ќе бидат позадоволни. Искористете ја оваа нова моќ да работите на својот развој и самодоверба.

Лав: Оваа година навистина ќе верувате во себе. Обично се трудите да го зауздате своето его, но ова година ќе докажете дека вашето место е крал на џунглата. Работите конечно ќе одат како што ќе ги замислите, а и вие ќе тргнете напред од разочарувањето од минатото.

Оваа година мора да ја концентрирате на сегашноста и иднината. Оставете го минатото. Енергијата која ја имате ќе ве направи посилни и ќе остварите многу ако се држите до целта и не дозволувате да ве окупираат мали работи.

Вага: Оваа година конечно ќе пронајдете мир и спокој и ќе бидете многу среќни. Претходната година ви беше хаотична, но затоа 2019 сè ќе ви надохнади.

Стрелец: Оваа година е полна со нови можности. 2019 е година кога Стрелците ќе направат големи потези. Оваа година ќе биде нов почеток за Стрелците, година која ќе ја врати вербата во животот.