-Најпосле знаеме како и зошто оваа торта го добила своето име!

Судејќи според многу народни верувања, Васина торта настанала на почетокот на 20.век во Парачин, Србија, а го направила една домаќинка во знак на благодарност кон својот зет – чие име било Васа.

Причина за оваа благодарност е тоа што Васа ја спасил нејзината ќерка Јелена која била бремена.

Поради нејзината слабост и проблеми со поднесувањето на бременоста, докторите го предупредиле нејзиното семејство дека постои ризик девојката да не го преживее пораѓајот.

Меѓутоа, Васа не сакал да размислува за тоа и затоа ги зел сите пари кои ги имал и со жената заминал во Виена каде го пронашол најпознатиот гинеколог кој целосно безбедно го извршил пораѓањето.

Затоа нејзината мајка откако се вратил брачниот пар, во знак на благодарност на својот зет му приготвила специјална торта, чие име го носи до ден денешен – Васина торта.

Ова се потребните состојки за васина торта:

КОРА

5 јајца

60 г шеќер

1 супена лажица меко брашно

50 г мелени ореви

ФИЛ

4 жолчки

60 г шеќер

125 мл млеко

125 г шеќер

200 г мелени ореви

200 г путер

1 портокал

ШАМ

4 белки

250 г шеќер

180 мл вода

ПОДГОТОВКА НА КОРА

Разделете ги жолчките од белките. Изрендајте ситно кора од портокал и исцедете го сокот.

Белките изматете ги во цврст снег со постојано матење, додавајте шеќер и матете додека да се растопи.

Додадете брашно, ореви и жолчки и се со лажица лесно промешајте.

Смесата печете ја во тркалезен калап во рерна на 200 степени околу 25 минути.

ПОДГОТОВКА НА ФИЛ

Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и ставете на оган да провријат. Жолчките и 60 г шеќер измиксајте ги на пареа и изладете.

Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, крем од жолчки, кора и сок од портокал. Добро соединете ги сите состојки.

ПОДГОТОВКА НА ШАМ

Провријте вода со шеќер додека смесата да стане густа како мед. Изматете ги белките во цврст снег и со постојано матење додавајте го сирупот од шеќер.

Кората премачкајте ја со фил и украсете со шам од белки.