Иако веќе не се со нас, саканите кои се починати никогаш не не’ напуштаат. Многу луѓе раскажуваат како ги посетуваат во нивните соништа, кои може да бидат многу реалистични и живописни.

Таквите соништа се познати како сонови на средба.

“Мајка ми и татко ми починаа пред повеќе од десет години, во период од една година. Од околу шест месеци после секоја нивна смрт имав по еден живописен сон со секој од нив или со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чувството беше поинакво” – раскажува П.М.

Таквите соништа имаат вообичаена тема:

-покојникот се појавува каков што бил во животот, но некако помлад и поздрав.

-Пренесува порака на охрабрување кон оној кој го сонува, како “Добро сум и се’ уште сум со тебе”.

-Пораките на покојникот стигаат повеќе телепатски или психички, отколку изговорено со зборови.

Сонот е нормален и реалистичен отколку бизарен, какви што се вообичаено соништата.

-Соновите се интензивни, како покојникот навистина да дошол во посета, а оној кој го сонува се сеќава на сонот кога ќе се разбуди.

-Сонот силно влијае врз човекот, а кај некои луѓе до толку што ги менува.

-После еден таков сон следува спознавање на она што е вистинско, а што е погрешно, или период на жалост или ширење на духовно просветлување.

“За традиционалните народи, кои им давале еднаква или дури поголема онтолошка тежина на соништата во споредба со вистинскиот живот, сонот за средба со покојникот бил убедлив доказ дека постои духовниот свет и живот после смртта” – објаснува П.М.

Тој додава и дека денес, во модерниот свет ваквите сонови имаат значајно влијание врз ожалостените. Многумина признале дека токму сонот на средба со покојникот им помогнал успешно да го пребродат процесот на тагување и да продолжат со својот живот.

Постојат низа причини, зошто покојните се јавуваат во соништата:

-Сакаат да побараат прошка или да решат некој проблем кој го имале во текот на животот кој останал нерешен.

-Им посочуваат насоки на оние кои останале зад нив, ја нудата својата заштита или сакаат да ги предупредат на нешто.

-Сакаат да ги утешат оние кои тагуваат по нив и да им кажат дека со нив е се’ во ред и дека сега се на “онаа страна”.

-Имаат некоја порака за оној кој ги сонува.

-Сакаат да им покажат на саканите дека постои живот после смртта.

-Немаат мир поради некој грев или нерасчистен долг, па бараат помош од вас за да го најдат мирот.