Моника Амстердам, директорка на Одделението за нутриционизам во Медицинскиот центар од Њу Џерси, предлага да се определите за печен зеленчук како што е морков, кромид, цвекло, тиква, сладок компир, репка или пашканат:

Тие се природни слатки и многу задоволувачки намирници, кои ги хранат нашите органи и го активираат нашиот ум.”

Ејми Валпон, нутриционистка од Менхетен и авторка на книгата Eating Clean: The 21-Day Plan to Detox, Fight Inflammation, and Reset Your Body истакнува дека во кашите, житариците, јогуртот или шолјата топло бадемово млеко, во текот на студените денови, треба да се додава цимет, мускантно оревче и други зачини:

“Исто така, внесувајте свеж рузмарин. Оваа билка ќе направи чудо за вашето непце. Кога го печете зеленчукот или животинските производи, доволно е да додадете свеж сок од лимон, маслиново масло и рузмарин.”

Зимата е извор на стрес за телото, наведува Амстердам, па важно е да одржувате стабилна телесна температура.

На своето тело обезбедете му здрави супи и јадења со многу зелен лиснат зеленчук и кромид. Во исхраната додадете и лути пиперчиња, ѓумбир и билковни чаеви.

Кога печете или варете компир или ѓувеч, одбегнувајте непотребни состојки со висока концентрација на масти и бело брашно.

“Отфрлете го путерот и користете кокосово масло во вашите рецепти за вкусни оброци, без инфламаторни состојки”, вели Валпон, додавајќи да користите бадемово брашно наместо бело, кое ја зголемува масата.

Со оглед на тоа што следат празници, потрудете се оброкот да го внесете половина час или еден час пред да излезете од дома. Пред се, консумирајте храна богата со протеини и добри масти. Најлошо што можете да направите е гладни да заминете на забава, бидејќи така ќе изедете било што, како што е брза храна од првата сендвичара.

Погрижете се во вашата чанта или во автомобилот секогаш да имате пакување јаткасти плодови, кои ќе ве заситат.

Кога консумирате алкохол, погрижете се после секоја чаша алкохол да испиете и барем една чаша вода.