-Ви почнува циклусот: Во тој период, градите се потечени. Ова може да биде вистинска нервоза, но е сосема нормално и не е причина за паника. Исто така, пилулите за контрацепција можат да го предизвикаат овој ефект.

-Бремена сте: На почетокот на бременоста се јавува чувство кое силно наликува на предменструалниот синдром, а веројатнста градите да ви пораснат исто така е голема.

-Ви треба нов градник: Ако вешот ве боде или имате непријатно чувство, слушајте си го телото кое ви кажува дека ви треба нов градник. Од суштинска важност е да имате правилен градник што ќе ви го подобри ставот, а и силуетата, а ќе спречи и болки и чешање.

-Треба да го исперете градникот: Не морате да го перете на рака, но сепак треба да го перете почесто.

Носење на ист градник подолго време значи дека пот и бактерии ќе се насоберат во ткаенината, а тоа може да предизвика габични инфекции и и чешање и иритација на кожата.

-Сте ослабнале: Ако слабеете, прво се забележува во градите: Може драстично да се намалат, па дури и да се појават стрии. Затоа, мачкајте ги со креми.

-Јадете премногу сол: Задршката на течности се манифестира со потечен стомак и гради. Затоа, збогувајте се со чипсовите, и наместо тоа јадете здрава храна.

-Пиете премногу кафе: Внесувањето на премногу кофеин може да води до болки во градите, бидејќи кофеинот предизвикува ширење на крвните садови и води до она потечено, тешко чувство.

-Претерувате во теретана: Вашите гради нема да бидат одушевени ако вежбате без соодветен спортски градник и воопшто, ако вежбате пречесто.

Една од три жени добива болки во градите од прекумерно вежбање, а шансите се поголеми кај жените со поголеми гради.

-Недостаток на железо: Железото е од суштинско значење за тироидната жлезда, која ги произведува хормоните што влијаат на растот и на метаболизмот. Еден од симптомите на недостаток на железо е и со болка во градите.

-Полицистични јајници: Синдромот на полицистични јајници вклучува неправилни менструации, појава на влакнатост, масна кожа, акни и дебелеење, но ако го имате и не знаете, може да ги послушате и вашите гради.

Жените со овој синдром имаат зголемен ризик од задршка на течности, па така и градите потекуваат и болат.

-Рак на дојка: Колку сте помлада, толку помали се шансите за рак на дојка, но ракот е реална можност кај секоја жена.

Затоа, ако забележите било каква промена во големината на градите, израсток или промени во кожата, веднаш посетете лекар. Раната дијагноза спасува живот.