Ако сè уште размислувате со каква техника да ги вапцате јајцата оваа година, освен на црвените, за Велигден децата најмногу се радуваат и на оние шарените и необичните, па погледнете го овој едноставен метод со помош на памук.

Станува збор за брз и лесен начин на фарбање, а сè што ви е потребно е едно поголемо парче памук и течни бои за јајца.

Откинете од ролната доволно големо парче памук со кое ќе можете да го опфатите целото јајце, а потоа нанесете бои по сопствен избор.

Можете да ги нанесувате како хоризонтални линии, да правите точки, бранови или како и да сакате да ви изгледа јајцето.

Потоа ставете го јајцето во памукот, свиткајте го од сите страни и утапкувајте. Резултатот е доста импресивен, без мака добивате преубави шарени јајца.

Во видеото имате детални инструкции: