Многумина сметаат дека отечените нозе како појава е сосем нормална. Со почетокот на летото, ова може да стане секојдневна појава. Отекувањето на нозете е грда и непријатна состојба. Нозете се дел од телото кое трпи најголем дел од оптеретувањето.

Таквото оптеретување може да биде предизвикано од вишок килограми, долговремено стоење на нозе, специфични услови за работа (долго седење).

Пред се, мора да посетите лекар за да се утврди точниот причинител за отокот (бубрези, срце, инсуфициенција, хормонско пореметување и сл). Ако причината за отокот не се проблеми во вашиот организам, тогаш можете да се обидете да го решите проблемот со отечените нозе на природен начин, во домашни услови.

Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од отечените нозе:

Најпрво, мора да се обидете да консумирате помалку сол. Ако не можете никако без сол, тогаш користете исклучиво јодирана. Сте навикнале на солено, па храната без сол не ви е вкусна.

За да го одбегнете ова, во храната додадете лимонов сок и некои други билни зачини. Посебно се користи магдоносот бидејќи содржи диуретски својства.

Исто така, пијте вода со лимонов сок, што почесто во текот на денот.

Во текот на летото обидете се што повеќе да консумирате овошје и зеленчук со изразено диуретично дејство: лубеница, диња, јагоди, краставици. Како одличен диуретик се покажал и одварот направен со листови или корен од магдонос:

1 супена лажица иситнет корен или листови од магдонос прелијте со 400 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Процедете. Додадете сок од еден лимон и пијте го трипати во текот на денот по 100 мл.

Направете пауза од три дена.

Пијте го одварот по овој режим додека отокот целосно да исчезне.

Кога нозете се отечени, многу е корисен и одварот од ленено семе:

Во 1 литар вода додадете 4 мали лажички ленено семе и ставете на оган. Нека се вари 10-15 минути. Тргнете од оган и оставете на топло место да отстои околу 1 час. После можете да прецедете, но не морате.

Додадете сок од еден лимон и консумирајте во текот на денот, секогаш топло, на секои половина час по половина чаша.

Терапијата трае две седмици, по што обично отокот поминува.

За да го спречете отекувањето на нозете, применете солен раствор на следниот начин:

1 кг готварска сол растворете во 10 литри ладна вода. Еден мек пешкир натопете го во овој раствор и ставете го на лумбалниот дел од грбот (на крстот) да отстои околу 20 минути. Оваа постапка се спроведува во текот на 10 дена, секоја вечер пред спиење.

Отокот исчезнува поради засилено мокрење, кое започнува речиси веднаш по првата постапка.

Солените облози можете да ги користите и на следниот начин: натопете парче ткаенина во топол солен раствор, исцедете го и замотајте ги отечените нозе. Покријте ги нозете со топло ќебе и оставете ги така околу 20 минути.

Инаку, со помош на солени облози можете за кратко време да ја елиминирате главоболката и да го нормализирате високиот крвен притисок. Нека не ве збунуваат овие солени облози. Внесот на солта во организмот предизвикува отекување, но солените облози делуваат токму спротивно, низ кожата, го поттикнуваат исфрлањето на течности од организмот, осносно, делуваат како диуретик.

Исто така, оваа едноставна метода може да ви помогне против отечени нозе:

Подигнете се на прсти така да ви бидат подигнати петиците над подот околу 1 см, а потоа нагло спуштете се на петиците, да почуватвувате лесен удар каков што се чувствува при брзо одење или трчање. После 30-тина вежби кои се спроведуваат по една во секунда, следува пауза од 5-10 секунди. Вежбите можат да се прават било каде, дома или за време на прошетка, сеедно, неколку пати во денот.

Оваа вежба ја подобрува циркулацијата на крвта во нозете. Инаку, ова се многу ефикасни вежби за чистење на крвните садови кои им помогнале на илјадници болни со варикозни вени.

И запамтете: ако имате проширени вени, одбегнувајте премногу топла вода за време туширањето. Топлата вода ги шири крвните садови, што доведува до стагнација на крвотокот, односно, доаѓа до појава на отоци.