Потребни состојки:

150 г суво грозје

150 г суви смокви

150 г сливи

1 пакување чај Алкалакс

2-3 тегли мед

Постапка:

Се сечка целото суво овошје. Содржината од Алкалакс билките се меле ситво во прав.

Сите состојки заедно со медот постепено се мешаат додека убаво да се изедначи смесата.

Се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер.

Употреба: по една лажица трипати дневно.

Полипите или аденомите се ткивни израстоци кои растат од слузницата на дебелото црево кон внатрешната страна, односно шуплината на дебелото црево.

Тие можат да бидат мали, средни или големи, да бидат со петелка или без петелка. Доколку полипите се со големи димензии, тие ја стеснуваат цревната шуплина.

Честота на јавување

Честотата на јавување на полипите на дебелото црево се движи меѓу 7% и 50%. Можат да се јават и кај двата пола, во било кој период од животот, но најчести се по 60-тата година од животот.

Обично се единечни, но може да ги има и повеќе на број (мултипни полипи). Иако полипите можат да се најдат во сите делови на дебелото црево, сепак тие најчесто се сместени во неговиот завршен дел.

Појавата на полипите е поврзана со ракот на дебелото црево. Иако полипите главно се бенигни творби, тие сепак, се сметаат како премалигни промени, бидејќи со тек на време од нив може да се развие рак на дебелото црево.

Имено, полипите имаат различен степен на дисплазија, односно различен степен на пореметувања на клетките со променето јадро, забрзан раст, променети жлезди и намалено излачување на слуз. Тие промени можат да предизвикаат развој на рак.

Фактори на ризик за настанување на полипите

Полипите се појавуваат како последица од настаната грешка во растот на клетките на дебелото црево. Како фактори кои доведуват до развој на полипите се наведуваат: генетските фактори и факторите од околината.

Генетските фактори имаат големо значење кај болните со фамилијарна полипоза и наследен неполипозен карцином. Овие болести се ретки, но, кога ќе се потврдат, потребно е да се прегледаат и членовите на семејството на пациентот. Тие прегледи се состојат од: колоноскопија и генетско тестирање.

Епидемиолошките анализи покажуваат дека факторите на околината можат да предизвикаат создавање на полипи. Ова посебно се однесува на исхраната . Ако е храната богата со масти или ако не се консумира доволно овошје и зеленчук, односно растителни влакна, постои поголема веројатнопст за развоиј на полипи и рак на дебелото црево.

Мастите од храната го зголемуваат создавањето на жолчни киселини, а некои од нив се канцерогени.

Симптоми и знаци на полипите

Полипите најчесто се без симптоми. Сепак, може да се јави крварење од дебелото црево. крварењето е обично дискретно, а многу поретко обилно. Дискретното долготрајно крварење од дебелото црево може да предизвика слабокрвност (анемија), поради постојаниот губиток на железо.

Ако се полипите големи, тие може да предизвикаат болки и грчеви во абдоменот. Ако се наоѓаат во анусот, односно на излезниот дел на дебелото црево, и ако имаат долга петелка, можат да излегуваат низ надворешниот отвор на анусот. Големите вилозни полипи можат понекогаш да предизвикаат и пролив.

Терапија

Доколку се откријат полипи, потребно е тие хируршки да се отстранат. Методата со која се отстрануваат полипите на дебелото црево се нарекува едноскопска полипектомија. Тоа е едноставна и безболна постапка, која добро се поднесува од страна на пациентот.

По хируршкото отстранување на полипите, тие се испраќаат на микроскопски хистолошки преглед кај специјалист – патолог. Ако микроскопскиот преглед на полипите не покаже присуство на малигни клетки, не е потребна никаква дополнителна терапија.

Во тие случаи, пациентите само се следат, бидејќи кај 10% од пациентите постои можност за повторно јавување на полипи. Поради тој ризик за повторно јавување на полипи кај веќе оперираните пациенти, се предлага следново:

Контролна колоноскопија два пати годишно, по отстранувањето на полипите,

Ако се наодите уредни и нема нови полипи, следните прегледи на дебелото црево треба да се прават на секои 3 до 5 години.

Ако полипот е многу голем и не може да се отстрани со ендоскопска полипектомија, или ако се потврди присуство на малигни клетки во отстранетите полипи кои продират ви подлабоките слоеви на sидот на дебелото црево, се пристапува кон отворен хируршки третман кој подразбира отстранување на целиот полип со дел од дебелото црево.