Сите ние дома имаме вишок пластични чаши, а доколку немате, тогаш е време да започнете да ги собирате. Исто така, сите ние купуваме овошје и зеленчук, па зошто да не го искористиме тоа, да бидеме малку економични, да заштедиме и притоа да бидеме поздрави?

Станува збор за одгледување на вашето омилено овошје, па и зеленчук, без хемикалии и пестициди, а притоа да не потрошите ни денар.

Само следете ги едноставните чекори и наскоро ќе си имате своја мала градина која може да ја чувате во кујна, во дневната соба или на тераса!

Прво пригответе ги пластичните чаши, така што ќе им направите дупчиња исто како и на секоја друга саксија за да има дренажа.

Потоа треба да соберете семчиња од новите билки. Дали знаевте дека една јагода содржи околу 200 минијатурни семчиња кои можете да ги посадите?

Едноставно, земете чепкалка за заби, па нежно и внимателно извадете ги семките.

Во чашата ставете земја, наредете семки од јагоди, испрскајте вода преку шише со распрскувач и оставете на топло место. За 6 седмици јагодите ќе почнат да растат и цветаат, па ќе биде потребно да ги насадите во поголема саксија.

На истиот начин можете да одгледувате и малини, авојадо, лимон, домати… повеќето овошја и зеленчук.

Садењето незначително се разликува кај различните видови, а сите детали погледнете ги во видеото:

https://www.facebook.com/tastyvegetarian/videos/1831668737095008?sfns=mo