Сега ми е јасно зошто за евтини пари купивме толкава куќа, била проколната! А тогаш мислев дека сме имале среќа што налетавме на куќата.

После три години ми советуваа да ги откопам плочките во бањата и кога го направив тоа, се шокирав! Имаше разни кукли парчосани, заби, врвци и уште што ли не…

Со години ни се случуваа чудни работи. Наутро наоѓавме отворени прозори, а кујнскиот прибор постепено исчезнуваше.

Не обраќав толку многу внимание, но кога почна и син ми да исчезнува, е тогаш се избезумив и почна да ме фаќа паника.

Никогаш не верував во бајачки, во магии, проклетства и вампири, Бог да чува! Меѓутоа овие три години откако се вселивме во куќава, почнав да верувам во сè и сешто, а може почнав да го губам и разумот!

Кога се вселивме, син ми малку пред тоа наполни пет години, куќата беше запуштена, но многу евтина а нас ни одговараше. Јас тогаш бев невработена, подигнавме кредит и се задолживме за ја купиме и да ја уредиме куќата.

Една вечер отидов да го ѕирнам син ми во неговата соба и тогаш се шокирав кога затекнав празен кревет! Помислив дека некој детето ми го киднапирал, па се растрчавме со сопругот и го најдовме детето во блиското паркче, како седи на клупата во пиџами.

Беше мирен и малку збунет, не одговараше на нашите прашања, не знаеше како дошол таму.

Почнав да бдеам над детето и сфатив дека тоа почнало да месечари, но и покрај толку чување, пак се случуваше некогаш да исчезне.

Тоа траеше три години и мислам дека нема психијатар каде не отидов. Сите ми викаа дека е нормално децата да месечарат, но јас умирав од страв некој да не ми го украде детето.

Па од очај почнавме да посетуваме разни гатачи, парапсихолози, видовити и хипнотизери. Па така дознавме дека во куќата имаме духови, дека полна е со магии наменети за старите сопственици, оставени таму пред десетици години.

Тогаш викнавме водоинсталатер, плочкари и други мајстори, па зедовме да ја реновираме бањата. Сите бевме шокирани од она што излегуваше под плочките: ѓаволски фигури, распарчени кукли, пердуви, коси, конци, заби… грозно!

Викнавме свештени лица и ги замоливме да ни ја испеат и окадат куќата, зошто не знаевме како да се справиме со она што го затекнавме.

Оттогаш син ми повеќе не месечари, помирно е во куќата, но јас сепак сакам да се иселам од таму- раскажува Зорица К.