Водата со лимон е неверојатно освежителна, закрепнувачка а да не го споменуваме и фактот дека дава огромен поттик на вашиот метаболизам!

Лимонот е преполн со здравствени предности, а особено е голем извор на витамин Ц. Една шолја свеж сок од лимон дава 187% од препорачаната дневна доза од овој витамин, а исто така нуди здрави порции од калиум, магнезиум и бакар.

Постои една честа грешка која повеќето луѓе ја прават кога уживаат во чаша вода со лимон. Тие не сфаќаат дека лимоновата кора е еден од најхранливите делови на целиот плод.

Да претпоставиме дека вашата нормална рутина е наутро да исцедите сок од лимон кој го ставате во чаша или шише, па додавате малку вода. Многу ни е жал, но мора да ви соопштиме дека, всушност, лимонадата ја приготвувате на погрешен начин.

РЕЦЕПТ ЗА ИДЕАЛНА ВОДА СО ЛИМОН:

Извадете неколку свежи, по можност органски лимони. Исечете ги како што сакате. Стиснете неколку парчиња во водата, но не сите. Изрендајте малку кора од оние парчиња што ги исцедивте во вашиот пијалак.

Ставете ги и преостанатите парчиња во шишето, криглата или некоја друга чаша. Наполнете ја до врв со топла или ледено студена вода, по ваша желба. Уживајте!

Здравствените експерти велат дека лимонот помага во дигестијата. Исто така помага за подобра апсорпција на хранливите состојки и овозможува вашето тело да извлече најмногу од храната во текот на дигестијата.

Приготвувајќи го лимонот на вистинскиот начин вие ќе ги искористите сите негови благодети максимално!