Потребни состојки:

1200 г брашно

600 мл минерална вода

100 мл млака вода

200 мл масло

1 1/2 лажица квасец

1 лажица шеќер

1 лажица сол

3 лажици масло

крупна сол

100 г маргарин

Постапка:

Во 100 мл млака вода промешајте квасец со лажица шеќер и лажица брашно и оставете да надојде.

Брашното промешајте го со сол па додадете го активираниот квасец, минералната вода која сте ја загреале да биде млака и масло, па замесете меко тесто.

Премачкајте го со малку масло и оставете да надојде.

Кинете топчиња со величина на праска, расукајте четириаголно, засечете со нож и премачкајте со малку маргарин, па свиткајте.

Редете во намастен плех.

Премачкајте со масло и наросете со крупна сол па оставете уште еднаш да надојдат.

Печете во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат.

Веднаш малку намачкајте ги со малку масло за да имаат сјај.

Од истото тесто можете да правите лепче: направете топчиња, премачкајте ги со масло, наросете сол, оставете да надојдат и печете додека да заруменат…

coolinarika.com