Сигурно на многумина ви се случило да ви остане компир пире после ручекот. А колку пати ви се случило да го фрлите?

Овој рецепт ви овозможува да направите пирошки од компир кои се толку лесни и вкусни, а дополнително и поздрави бидејќи не се пржат во обилно масло туку се печат во рерна.​

Потребни состојки:

2 јајца

200 мл јогурт

200 г пире од компир

500 г брашно

1 прашок за печиво

Сол по вкус

~100 г путер за прелив

Постапка:

Јајцата и јогуртот измешајте ги пенесто со вилјушка. Додадете го пирето од компир и брашното измешано со прашок за печиво. Измесете мазно тесто.

Ако ви се чини дека тестото е ретко (зависи од компирот), тогаш додадете уште малку брашно.

Префрлете го тестото на побрашнета работна површина и растегнете го со оклагија, со дебелина на кората од околу 1 центиметар.

Исечете облици по желба и наредете ги пирошките во плех обложен со хартија за печење. Пирошките можете и да ги филувате по ваш избор.​

Загрејте ја рерната на 200 степени.

За тоа време, пирошките нека одморат, околу 10 минути.

Со растопениот путер прелијте преку секоја пирошка.

Печете ги пирошките додека да поруменат.

Послужете ги со јогурт или кисело млеко, за вечера или појадок.