Печениот компир од рерна најчесто се послужува со некое месно печење. Со неколку трикови и свежи зачини, од оваа обична намирница може да се постигне гастрономски максимум во кој ќе уживате со сите сетила.

Потребни состојки:

6 средни компири

75 мл маслиново масло

5 чешниња лук (во лушпа)

1 лажица сечкан свеж рузмарин

1 лажица сечкана мајчина душичка

Морска сол и црн пипер

Малку магдонос за декорација

Постапка:

Загрејте ја рерната на 220 степени, а решетката спуштете ја на дното од рерната.

Излупете го компирот за тоа време и пресечете го на четвртинки. Компирите ставете ги во широка тава со загреано масло, неизлупени чешниња лук (во лушпа), рузмарин и мајчина душичка, посолете и запиперете по желба, па кратко пропржете да се спојат сите состојки.

Компирот префрлете го во рерна, па печете го околу 55 минути на 220 степени.

Послужете ги врелите компири со малку свежо насечкан магдонос.