Германските научници од Институтот „Max Planck“ предупредија дека повеќето родители не ја знаат хранливата вредност, ниту, пак, количеството шеќер во храната која им ја даваат на своите деца. Неодамнешната студија покажала дека се лоши во проценката и на едното и на другото.

Поголемиот дел од овесните плочки купени во продавница содржат многу шеќер и хемикалии, што може да доведе до пад на нивото на енергија во средината на денот. На крајот излегува дека е исто ако детето јаде овесна плочка или некое чоколадо. Научниците потсетуваат дека често најзастапена состојка во енергетските плочки е токму сирупот од кафеав ориз, кој е честа состојка на бонбоните.

Свежото и топло печиво од бело брашно, напоменуваат германските научници, е еднакво како и неколку парчиња бел леб (многу јаглехидрати). Резултатите од тестовите спроведени на германскиот Институтот „Max Planck“ и на Универзитетот во Манхајм, покажале дека 74 % од 305 родителите не ја знаеле вредноста на шеќерот (изразена во коцки), која ја содржела храната што ја донеле на проценка. Главно се работело за енергетски плочки, сок од портокал од продавница, јогурт, кока-кола, пица и кечап.

Проценките на родителите биле особено лоши кога се работело за овошни јогурти. Околу 92 % од испитаниците не знаеле дека тие содржат во просек 7 коцки шеќер по чашка. Околу 84 % од испитаните родители, исто така, лошо ја процениле количината на шеќер во сокот од портокал од продавница

Стапица се и преработените снегулки и оние со намалена содржина на влакна. Овошниот јогурт може да содржи и до 17 грама шеќер, што не е далеку од порција сладолед, која содржи 20 грама шеќер. На детето подобро е да му понудите за појадок обичен јогурт со намалена содржина на масти, под услов да не содржи додадени шеќери.

Свежото и топло печиво од бело брашно, напоменуваат германските научници, е еднакво како и неколку парчиња бел леб (многу јаглехидрати). Попаметно е да изберете печиво од цели зрна на житарки со малку масло од путер од кикиритки, поради протеините и здравите масти кои ќе го држат детето подолго време сито.

Стапица се и преработените снегулки и оние со намалена содржина на влакна. Подобро е да ги замените со „обични“ овесни снегулки. Поголемиот дел од овесните плочки купени во продавница содржат многу шеќер и хемикалии

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува дневниот внес на шеќер да биде помал од 10 % од вкупниот дневен енергетски внес, било да се работи за деца или возрасни. Значи, во дневниот внес на 2000 kcal, шеќерот треба да биде 200 kcal. Тоа е приближно околу 10 пакетчиња шеќер за кафе. За деца на возраст помеѓу 7 до 10 години, ова значи најмногу 15 коцки шеќер.