Росопас  или Руса трева како лек се користи во народната медицина веќе илјадници години. Најмногу е позната како природно средство за лекување на брадавици. Меѓутоа, неговата лековита моќ не запира тука: Руса трева е одличен чистач на црниот дроб, лек против астма, а се користи и за желудочни проблеми.

Освен лековитот чај од оваа билка се прави и лековита тинктура која помага кај бројни тегоби.

Росопас (Chelidonium maius L.) е зелјеста билка која се појавува насекаде. Најчесто расте на осојни и влажни места покрај патишта и огради. Се третира како коров, па без да се знае нејзината лековитост луѓето ка уништуваат. Кај народот е познат како жолта трева, змиско млеко, змиско грозје, божји дар, Маријанина трева и др.

Оваа лековита билка расте и до 80 см во висина а почнува да цвета во април. Цветчињата имаат жолта боја и се сместени на врвот од стебленцето. Целата билка е лековита, но најчесто се колисти надземниот дел.

Не се употребува свежа за внатрешна употреба, бидејќи содржи токсични материи, а особено нејзиниот корен. Меѓутоа кога ќе се исуши се користи прочуениот чај од росопас.

Пред да процвета се вади коренот, а после цветањето се кинат листовите и се сушат. Овој процес се прави на топло и суво место, на провев.

Коњак за карцином на генитални органи и за хемороиди

1 грст свежа билка Росопас (chelidonium majus)

500 мл коњак или ракија

Билката се става во коњакот, се затвора и се остава да стои 4-5 седмици на сонце. Се процедува и се чува затворено во стаклен сад.

Употреба: се пие по 1 супена лажица трипати на ден.

ГО ПРОЧИСТУВА ЦРНИОТ ДРОБ

Росопасот има депуративни својства што значи дека може да се користи за чистење на црниот дроб. Исто така е делотворен за детоксификација поради својата способност за елиминација на отпадоците и токсините од организмот.

ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРН ДРОБ:

50 г руса трева

50  корен од глуварче

50 г нане

Две големи лажици од мешавината прелијте со 500 мл зовриена вода, промешајте и оставете неколку минути. Процедете го и пијте го чајот во текот на цел ден. Еден циклус трае 21 ден.

ЈА ПОДОБРУВА ДИГЕСТИЈАТА

Росопасот е особено ефикасен при лекување на грчеви, подуеност и чувство на мачнина во стомакот. Екстракт од оваа билка многу успешно помага за решавање на наведените проблеми.

Помага за производство на жолчен сок и други дигестивни ензими кои се одговорни за ефикасно варење на храната. Се користи и како природно средство за помош при чиреви.

ЛЕКУВА УПОРНА ЕГЗЕМА

Многу е делотворна кај кожни проблеми. За оваа цел особено се користи маслото од руса трева. Содржи антибактериски и антимикробни особини и многу успешно лекува атописки дерматитис.

За анксионзост и проблеми со спиењето

Оваа билка има наркотички својства, па затоа не треба да се консумира во поголеми количества, а во мали дози помага за елиминација на напнатост и анксиозност.

ПОСЕДУВА МОЌНИ АНТИМИКРОБНИ СВОЈСТВА

Руса трева одамна е позната како лек за забоболки и проблеми со непцата. Екстрактот има моќни антибактериски својства против неколкку видови бактерии. Со векови се користи за третирање на разни хронични заболувања на кожата.

КАКО СЕ КОРИСТИ ЗА ЦИСТИ И МИОМИ:

Измешајте две лажици росопас (сува билка) со полна лажица мед. Оваа смеса консумирајте ја следните 21 денови, па направете пауза од 7 дена. Општа препорака е да се користи багремов мед, а освен него можете да користете ливадски (ако не сте дијабетичар).

Во препаратите за лекување на цироза на црн дроб дозволено е да се додадат корен од глуварче, цвекло, тегавец и сок од морков.

РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ

За внатрешна употреба се користат само сувите делови од билката. Чајот од росопас можете да го пиете сам или во комбинација со други лековити билки. Начинот на приготвување е целосно ист како и кај другите билковни чаеви.

Една супена лажица сува билка се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и се остава 5 минути. Потоа се процедува и се пие. Дневно се пијат максимум 2 шолји чај во текот на 14 денови. Потоа мора задолжително да се направи 7 дена пауза. По потреба се повторува третманот со чај.

ЗА АСТМА И РАЗНИ СЕЗОНСКИ АЛЕРГИИ:

50 г росопас

50 г добричица

50 г тегавец

50 г подбел

Постапка:

2 рамни лажици од смесата прелијте со 500 мл зовриена вода, поклопете и оставете 15 минути. Потоа процедете и испијте. Може да се заслади со мед, по желба. Се пие 14 дена па се прави пауза од 7 дена, па се повторува уште еднаш.

ЗА БРАДАВИЦИ:

Потребна е упорност: брадавиците се мачкаат со свежиот сок/млеко од скината билка.

ЛЕКОВИТА ТИНКТУРА:

Наберете од билката и исушете ја. Сувата билка ставете ја во стаклена тегла и прелијте ја со 50% алкохол или домашна ракија. Поклопете и оставете на темно место околу 3 седмици (21 ден). Потоа процедете и чувајте во темно шише.

Користете по потреба но чувајте на темно место. Рок на употреба: 2-3 години.

Употреба: се нанесува врз брадавици или се натопуваат памучни облоги и се нанесуваат на проблематичното место.

Ваши коментари:

Ивана К.: По целите раце имав брадавици и тоа беше неподносливо. Сестра ми ми направи од тинктурата, се мачкав секојдневни и после некое време тие исчезнаа. Руса трева е неверојатна билка!

Миланка С.: Со години се борев со егзема на лицето, нема што не пробав. Променив неколку лекари, дерматолози, фрлив купишта пари за разни креми. Тогаш другарка ми го спомна маслото од росопас. Без скептична, меѓутоа за неколку седмици егземите исчезнаа како со рака однесени! Неверојатно!

Кој не смее да користи росопас?

Не се препорачува за бремени, доилки и деца.