Забите се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата. Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.

Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот.

Трајните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата.

Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (очници) (2), преткатници (4) и катници (6).

Уште од дамнешно време позната е поврзаноста на забите со другите органи. Таа поврзаност се рефлектира при некоја оштетеност, недостиг на заби или некоја друга патологија.

Ако хронично чувствувате некоја неугодност или имате болна манифестација, а никакви лекови и терапија не можат да ви помогнат, помислете на забите.

Според експертите и најмала штета на забите може да предизвика проблем со некој од органите, бидејќи – горните и долните секачи се поврзани со здравствената состојба на бубрезите и мочниот меур, очниците се поврзани со црниот дроб и жолчката, преткатниците со белите дробови и дебелото црево, катниците со желудникот, слезенката и панкреасот, а умниците со срцето и тенкото црево.

ГОРНА ВИЛИЦА- ДЕСНА СТРАНА

Секачи – епифиза, десна страна од мочен меур, десен бубрег, десно стапало, рбет, колено и задна страна на череп.

Очник – хипофиза, жолчна кеса, црн дроб, грб, колкови и око

Прв и втор преткатник – градна жлезда, дебело црево, десно белодробно крило, врат, палец на стапало, рака, рамо и челни синуси.

Прв и втор катник – дојка, тироидна жлезда, желудник, панкреас, преден дел од колено, вилични синуси.

Трет катник (умник) – централен нервен систем, хипофиза, срце, дланка, рамо и внатрешно уво.

ГОРНА ВИЛИЦА – ЛЕВА СТРАНА

Секачи, очник и преткатници – исто, само локализирано на левата страна

Катници – слезенка

ДОЛНА ВИЛИЦА – ДЕСНА СТРАНА

Секачи – надбубрежна жлезда, мочен меур, десен бубрег, рбет, заден дел од колено, стапало и челни синуси

Очник – жолчна кеса, црн дроб, колк и око

Прв и втор преткатник – дојка, лимфни садови, желудник, колено и синуси

Прв катник – артерии, вени, дебело црево, десно белодробно крило, лакт, дланка, стапало и палец.

Втор и трет катник – периферни нерви, срце, рамо и уво

ДОЛНА ВИЛИЦА – ЛЕВА СТРАНА

Секачи и очник – исто, само на лева страна

Прв и втор преткатник – слезина

Катници – исто како и десна страна

Но, не секогаш сите внатрешни болести се придружени со оштетување на забите.

Понекогаш пациентот може да се жали на некоја непријатност при совршено здрави заби, а често може да има болки со места на кои веќе долго време се отстранети забите. Ова се нарекува фантомска болка.

Ова се случува поради сигналите кои ги испраќаат заболените органи кои рефлексно се пренесуваат во областа на соодветниот заб. Ако ја знаете нивната поврзаност, лесно можете да го откриете заболениот орган.

РЕЦЕПТИ ОД НАРОДНАТА МЕДИЦИНА ЗА ЗДРАВИ ЗАБИ

Пред да поминеме на употреба на рецепти за здравје, треба да се напомене дека штетните намирници и преработките делуваат исклучително деструктивно како на забите, така и на целиот организам.

Значи, од исхраната треба да се елиминираат или да се сведат на минимум следните намирници: кафе, цигари, бел шеќер, бело брашно, сувомеснати производи, конзервирана храна.

Пародонтопатија

1.Јадете цврста храна, добро џвакајте го секој залак и добро натопувајте го плунката пред да го голтнете.

2.Користете ги пријатните сончеви зраци колку што можете повеќе.

3.Масирајте ги непцата така што горните ќе ги масирате кон долу, а долните кон горе. За масажа можете да ги користите следните средства:

-масло од кантарион

-прополис капки

-смеса од мед и сол (на 20 г мед се додава 10 г сол, па се меша додека да се растопи).

4.Измијте лушпа од јајце (отстранете ја тенката мембрана), исушете во рерна а потоа сомелете во прав. Употреба: по половина до едно кафено лажиче дневно (може со вода или чај).

5.100 корен од срченок, 50 г жалфија, 50 г лист од орев, 20 г кантарион. Од оваа мешавина земете две супени лажици прелијте со чаша млака вода, поклопете и оставете да отстои 1 час.

Потоа на слаб оган доведете до вриење, па тргнете од оган и оставете да отстои 10 минути. Процедете и користете за испирање двапати на ден, после јадење. Испирањето правете го на следниот начин: секоја голтка треба да остане во устата околу половина минута. Потоа исплукајте.

Воспаление на непца

Двапати дневно испирајте ја устата со чај од жалфија кој се приготвува на следниот начин: една супена лажица жалфија прелијте со зовриена вода, оставете 10 минути поклопено а потоа процедете.

Кога чајот ќе се излади до собна температура, испирајте ја устата така што секоја голтка треба да се задржи во уста половина минута а потоа да се исплука.

1.Три супени лажици каранфилче одвечер ставете во термос и прелијте со три чаши врела вода. Наутро процедете и пијте еден час пред јадење, трипати на ден.

2.Супена лажица пелин прелијте со една чаша ладна вода. Варете поклопено на тивко 5 минути. Испирајте ја устата двапати на ден.

Забен камен

1.Сварете чај од липа така што во половина литар вода ќе додадете две супени лажици липа и ½ прстофат калиум перманганат. Гответе 5 минути. Испирајте ја устата двапати дневно.

2.Земете 30 г кора од млади оревови гранки и варете во чаша вода 15 минути. Кога ќе излади натопете ја четката за заби во овој одвар и исперете ги забите. Секако, претходно забите треба да ги измиете со паста.

Чистење (детоксификација) на усната шуплина (и на целиот организам)

1.Земете една супена лажица растително масло (најдобро сончогледово), ставете во уста и полека жабуркајте со јазикот. Ова треба да се прави без напор, во траење од 20 минути.

После тоа, маслото треба да се исплука (никако не смее да се проголта). Ако добро се исшмука маслото, тоа треба да стане бело. Ако не, ќе има жолта боја. На крајот, забите исперете ги со паста.

Ова треба да се прави секојдневно, во траење од еден месец. На овој начин организмот се ослободува од отровите, не само од устата, туку од целото тело.

2.Тврда кора од леб протријте ја со лук и џвакајте додека да се претвори во течност. Исплукајте! Потоа измијте ги забите со паста.