Тегобите во грбот се најчестите телесни болки кај возрасните

Тегобите во грбот се најчестите телесни болки кај возрасните

- хронична болка во средниот дел на грбот


СИМПТОМИ:

-Долготрајни болки или вкочанетост во кој било дел на ’рбетот, од коренот на вратот до колковите

-остра, локализирана болка во вратот, горниот дел на грбот или крстот, особено по подигањето тешки предмети или некоја напорна активност

-хронична болка во средниот дел на грбот или на крстот, особено по подолго седење или стоење

ОБРАТЕТЕ СЕ НА ЛЕКАР:

-ако чувствувате немоќ, трпнење или губење контрола во рацете и нозете; можеби сте го повредиле ’рбетниот мозок

-ако болките од грбот се шират надолу по должината на задната страна на ногата, можеби страдате од ишијас

-ако болките се засилуваат кога кашлате или се свиткувате нанапред, тоа може да е знак за дископатија

-ако болките се придружени со покачена температура; може да имате бактериска инфекција

-ако чувствувате тапа болка во еден дел на грбот кога легнувате или станувате од кревет, особено ако сте на возраст над 50 години можеби имате остеоартритис.

ТЕГОБИТЕ во грбот се меѓу најчестите телесни тегоби кај возрасните лица. Неодредените болки во грбот се основна причина за изгубеното работно време, а да не зборуваме за времето и парите кои се трошат во потрага по лек. А сето тоа поради една особина која не’ прави различни од другите животни- нашето исправено движење.

#

‘Рбетниот столб е извонреден механизам кој ја обезбедува стабилноста потребна за да застанеме исправено и растегливоста потребна за активно движење. ‘Рбетот, всушност,  е вертикална низа од 24 одделни коски, наречени прешлени. Здравиот ’рбет има облик на буквата Ѕ кога се гледа отстрана и се свиткува наназад накај рамената, а кон внатрешната страна кај вратот и ’рбетот. Освен што е главен дел од структурата на организмот, во него е сместен и ’рбетниот мозок- сложена сензорска мрежа која се протега низ прешлените за да го пренесува чувството за движење и да ги контролира движењата на целото тело.

Основна причина поради која луѓето денес страдаат од тегоби во грбот  е таа што се’ повеќе се противиме на нашето еволуциско наследство и што стануваме суштества кои седат. Исправената положба е наменета за одење и во поголем дел од историјата на луѓето го правеле токму тоа. Дури во минатиот век, со појавата на моторните возила, повеќето луѓе се преместуваат од место до место седејќи. На ист начин се менуваат и нашите работни навики. Повеќето наши предци работеле стоејќи-ловеле, собирале, работеле в поле или покрај работната маса. Денес голем број луѓе минува дел од својот работен ден седејќи зад бирото, на работните места или во автомобилите и камионите. Овие промени во човековото однесување извршиле големо и негативно влијание врз човечката физиологија.

Луѓето кои многу одат или извршуваат физичка работа развиваат добар мускулен тонус во грбот и нозете. Луѓето кои седат поголем дел од денот, го губат тој тонус на мускулите и нивниот грб е првото место на кое тоа ќе се забележи. За да се надополни изгубеното, многу од нас се свртуваат кон телесни вежби: на некој инстиктивен начин го слушаме нашиот организам како ги бара старите навики кои барале поголема активност. Ако сте здрава, активна возрасна личност и вашите вообичаени активности ве држат во движење, може нема да ви треба посебна програма за вежби, ако на работното место седите или не сте вклучиле неколку часа одење или други телесни активности во својот неделен распоред, би морале редовно да вежбате со цел да ги јакнете грбните мускули.

КАДЕ БОЛИ:

#



-Болката од остеоартритис се наоѓа во вратните прешлени

-Грбните мускули ги зафаќа фиброзитис

-Болките во слабините укажуваат на бубрежна инфекција

-Оштетувањето на дисковите, зглобовите, лигаментите или мускулите на ’рбетот се причина за болки во крстот

-повредите предизвикуваат болки во тртната коска

-болката во задникот-ногата може да биде ишијас.

СЛЕДНО: причинители, лекување и превенција

  • Најчитани
  • Последни

Facebook