Спас за пушачите – овие 2 намирници го враќаат животот на плуќата а чинат помалку од 1 кутија цигари!

-А она што е најдобро од се’, можете да ги купите во секоја продавница.

Белите дробови се многу деликатен орган и поради тоа ракот на плуќа е толку злокобна болест.

Меѓутоа, најновото истражување тврди дека постои начин да ја поправиме штетата која сме ја направиле, па дури и ако е поврзана со пушењето.

Научниците од Џон Хопкинс -Школата за Јавно здравје тврдат дека можеме да го успориме опаѓањето на функцијата на белите дробови така што секојдневно ќе јадеме по 2 домати и 3 порции јаболка.

Според нив, ова единствено функционира само доколку ги јадеме свежи, а не конзервирани.

Истражувањето ја анализирало функцијата на белите дробови кај повеќе од 650 возрасни лица во 2002 година, а потоа го повториле тестот 10 години подоцна.

Учесниците од Норвешка, германија и Обединетото Кралство исто така го пополниле прашалникот кој се однесувал на нивните прехрамбени навики, а исто така, им бил измерен капацитетот на плуќата.

Резултатите покажале дека оние кои често јаделе домати и јаболка имале значително поспоро пропаѓање на белите дробови во текот на овој 10-годишен период, а истражувачите сметаат дека овие намирници може да ја поправат штетата настаната поради пушењето.