Со дополнително знаење за овие неколку базични намирници, можете да ја подобрите вашата исхрана.

ЦРВЕНО И БЕЛО МЕСО

Црвеното месо главно е составено од мускулни влакна кои споро контрахираат (се грчат), кои се издржливи при долготрајни активности и поспоро се заморуваат. Белото месо пак е составено од мускулни влакна кои брзо контрахираат и тие се добри за брзи и експлозивни активности. За разлика од спорите мускули, брзите не складиштат масти и поради тоа белото месо има помалку масти од црвеното.

ПЧЕНИЧЕН ЛЕБ И ЛЕБ ОД МЕШАНО БРАШНО

Дали знаете дела белиот леб е прехрамбена грешка? Значи, зграбете го интегралниот леб. Но внимателно! Она што ви е потребно, не е црн леб обоен со адитиви, туку вистински интегрален направен од цело зрно, од семе, ендосперма и обвивка. На декларацијата мора да пишува „Од цело зрно“ и основна состојка мора да биде интегрално пченично брашно. Лебот кој носи назив „црн леб“ е направен од мешавина од пченично брашно. Можете да побарате ’ржан леб кој има повеќе минерали.

БЕЛИ ИЛИ ОКЕР ЈАЈЦА

Во внатрешниот состав не се разликуваат. Поради тоа оваа лекција можеме да ја насочиме кон повеќе социјална рамка. Јајцата со бела лушпа ги несат кокошки со бели перја, а кокошките со кафеави или окер перја носат окер јајца. По вкус или прехрамбени вредности белите и окер јајца не се разликуваат. Нивната вредност зависи од исхраната на кокошката.