Потребни состојки За кора:, 160 г брашно, 30 г мелени бадеми, 30 г какао во прав, 50 г шеќер, ½ лажичка сол, 120 г ладен путер, 1 лажичка ванилин екстракт, 1 јајце и 2 лажици ладна вода

За карамел: 300 г шеќер, ½ шолја вода, ½ шолја млечна слатка павлака, 70 г путер и 1 лажичка сол. За прелив: ½ шолја млечна слатка павлака, 120 г црно чоколадо

Постапка: Прво направете ја кората: измешајте ги сите суви состојки, па во нив додадете ладен путер исечкан на коцкички. Со виљушка убаво соединете и измешајте, така што тестото ќе изгледа како да е составен од куп грутчиња.

Потоа додадете јајце, па ванила и вода и добро промешајте. Добиеното тесто завиткајте го во пластична фолија и оставете да отстои во фрижидер околу 30 минути. Потоа извадете го, развлечете го тенко со оклагија и ставете го во соодветен тркалезен калап или силиконска модла (со облик како за америчка пита).

Оставете го така да отстои уште 30 минути во фрижидер, па потоа врз него ставете хартија за печење и две шолји грав (непечен), па така печете 15 минути на 180 степени.

Гравот се става врз хартијата (врз кората) со цел да не му се дозволи на тестото на порасне, зошто треба да остане тенко и крцкаво.

После 15 минути извадете го гравот, па печете уште 15 минути. Оставете кората да излади, па извадете ја од калапот.

Карамел: измешајте шеќер и вода, ставете на оган на средна температура и оставете убаво да се растопи и карамелизира. Не мешајте со лажица, туку шерпата само протресувајте ја повремено.

Кога шеќерот ќе добие убава боја на карамел, додадете малку слатка павлака и варете уште 2 минути. Потоа тргнете од оган и додадете го остатокот од слатката павлака и малку сол, промешајте и добиениот карамелен крем излејте го врз кората уште додека е врел.

Оставете да излади додека го правите преливот „ганаш“: едноставно измешајте ги слатката павлака со искршеното чоколадо и растопете ги во микробранова печка или на пареа. Прелијте го тартот, оставете да излади, па украсете по ваш вкус. Луѓето ширум светот наросуваат малку снегулки од сол за да го „разбијат“ вкусот. Подгответе се за експлозија на оргазмично добрата комбинација од чоколадо и карамел!