loading...

За сите што страдаат од поленска алергија и пролетна кивавица: ефикасен трик, пробајте!

Се повеќе луѓе во последно време се соочуваат со алергиски проблеми.

Еден од најчестите облици е алергискиот ринитис или поленска грозница која предизвикува постојатно течење од носот и воспление на неговата слузокожа.

Алергискиот ринитис се случува кога ќе вдишеме состојки од воздухот на кои сме алергични и кои во допир со слузокожата предизвикуваат воспалителна реакција при што се создаваат проблеми.

Ваквиот вид на реакција посебно е изразен во пролет и лето кога голем број потенцијални алергени се ослободуваат во воздухот па се создава голема концентрација на полен од различни билки.

Најчести симптоми се:

-јадеж во носот

-често кивање

-течење од носот или затнат нос

-болно грло

-јадеж и солзење на очите

Ова е едноставен трик за сите оние на кои им е добро познат овој проблем.

loading...

Бидејќи овие реакции најчесто се јавуваат кога лицата со алергија се шетаат на отворен простор, односно во место полно со алергени (прашина, полен и сл.), потребно е пред да излезат од дома, да понесат стапчиња за уши претходно добро натопени во било кое масло за јадење.

Со намастените стапчиња добро измачкајте ги ноздрите од внатрешна страна, за да биде слузокожата колку е можно повеќе обложена.

Секако, не смеете да претерерувате со туркање на стапчињата во внатрешноста на носот, за да не се повредите.

Ако планирате да се задржувате подолго време на отворено, понесете си со себе мало шишенце со масло и неколку стапчиња за уши, па доколку е потребно, повторете ја постапката.

На овој едноставен начин, алергените ќе се лепат на маслото кое ја заштитува слузокожата на носот, и нема да се случи вообичаената бурна реакција.

Кога ќе се вратите повторно дома, измијте го носот и внатрешноста со раствор од морска сол (солена вода), или едноставно издувајте го носот.

На овој едноставен начин ќе бидете подготвени да го издржите полесно овој за вас, најлош период од годината.

Дополнителни совети:

Секојдневно пијте чај од коприва во кој сте додале малку мајчина душичка на следниот начин:

Две полни супени лажици коприва и една супена лажица мајчина душичка, прелијте со половина литар зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 15-20 минути. Процедете и пијте го чајот, 3-4 пати во текот на денот.

Полесно е ако изладениот чај го складирате во шише кое ќе си го носите со себеси каде и да одите. Важно е чајот да се пие повеќекратно а не одеднаш.

Копривата во себе содржи антихистамин и кверцетин кои го спречуваат отпуштањето на хистаминот, и дополнително го јакнат имунитетот.

Консумирајте големи количини витамин Ц!

Витаминот Ц е докажано моќно средство против алергиите. Започнете со 1000 мг на ден, а по потреба зголемете ја дозата.

Доколку имате многу бурни реакции може да користите и калциум и магнезиум како додатоци, заедно, бидејќи со заеднички сили го ослободуваат организмот од хистаминот.

1000 мг калциум и 400 мг магнезиум е потребната доза.

loading...