Овој празник во народнатаата култура е познат како Марко Градобија, а особено се празнувал во пределот Горна Пчиња, каде што бил празнуван за од град. Слично, Свети Марко се празнувал и во пределот Бојмија како празник против град.

Според Стеван Тановиќ, постоело верување дека на тој ден не било убаво да се влегува во градина или во лозјето, бидејќи при првата можност можеле да бидат сотрени од градот. Во овој предел постои извесна разлика во празнувањето меѓу мажите и жените.

Впрочем, жените многу повеќе го почитувале и го празнувале овој празник, за разлика од мажите, кои на овој ден работеле и не го чествувале многу. Според Марко Китевски, празникот Марковден особено бил празнуван во селото Гореме, Светиврачко, во пиринскиот дел на Македонија, од причини што овој ден бил празник на селото.

Над селото имало мала височинка што се викала Кукувица и тоа место било сметано за свето и било под заштита на свети Марко. Токму таму и на ден пред празникот биле давани курбани. Кога ќе ги заколеле курбаните, биела камбаната и тогаш секој престанувал co работата. Сите курбани биле готвени во големи котли под ридот Кукувица.

За тоа време жените подготвувале храна: оризарник, баница, погача и друго, па откако се’ ќе било подготвено, сите заминувале на ридот Кукувица.
Мажите седнувале на софрите, a жените раздавале од храната. По јадењето и пиењето, започнувала веселба co песни и ора која траела до вечерта.

Во некои семејства во Македонија Свети Марко се празнува како именден, а поретко се среќава да се слави како куќна слава.