Константниот тренинг е неопходен.

Кога станува збор за хирургијата, неврохирургијата зазема второ место според сложеноста, веднаш после кардиохирургијата.

До операција на мозок најчесто доаѓа поради повреди, аневризми и тумори, а повеќе детали открива познатиот неврохирург Арнолд Федоровиќ Смејановиќ.

“Мозокот е орган како и сите останати. Извршуваме мноштво операции и повеќето од нив се целосно успешни”, открива докторот и вели дека мозокот е помоќен од било која супермашина и дека тој и натаму е неверојатна мистерија.

Овие десет работи д-р Смејановиќ ги откри во врска со мозкот, благодарение на искуството стекнато преку секојдневните операции:

-на многу прашања не постојат одговор. На пример, сфативме дека бројот на мозочни функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ниту масата ни волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на еден гениј и мозокот на лице со низок коефициент на интелигенција изгледаат потполно исто?

-Количината на сива маса и ширината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имунологијата, имал само една хемисфера од мозокот, а живеел и работел како и сите други луѓе, а притоа постигнал многу.

-Туморот навистина не мора ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозокот кај млада студентка од музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека едната хемисфера и е речиси целосно уништена. Девојата закрепна, заврши академија, се омажи за милионер и ден денес свири преубаво!

-Најневеројатното откритие за мене беше сознанието дека свеста нема никакво “место” во телото и дека врската помеѓу мозокот и мислите е тотална мистерија. Оваа тајна само Бог ја знае.

-На мозокот му е неопходен тренинг, учење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање за тоа што е потребно за подобро да функционира.

За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:

“Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзлив, инаку брзо ќе ослабе. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се за нештата. Не дозволувајте да станете рамнофѓдушни – тоа е смрт за мозокот!”