Ако дојде до кавга со партнерот направете го ОВА и за 30 секунди ќе исчезне проблемот

Ситниците можат да ве извадат од такт, особено ако сте имале тежок ден зад себе и долг стресен период.

Секогаш практикувајте да се занимавате со некое хоби или да имате некој издувен вентил за да не се доведете во ситуација во која ќе ги повредите оние кои ги сакате или било кој друг кој ќе ви налета на патот.

Голем број од паровите влегуваат во конфликти и препирки за најчесто неважни ситници кои во одредени ситуации може да прераснат во големи проблеми. Кога би можеле за момент да застанете и за тие проблемчиња да размислите со „ладна глава“, ќе сфатите дека сепак не дошол крајот на светот.

За таа цел, експертите за врски објавиле еден едноставен трик од 30 секунди кои сите парови треба да го применуваат за да одбегнат создавање на дополнителни проблеми таму кадешто навистина ги нема.

Овој метод се одвива во три чекори, а со оглед на тоа дека ви се потребни само 30 секунди од вашиот живот за спроведување во пракса, би било штета да не го испробате следниот пат кога ќе бидете на работ од експлозија кон вашиот партнер.

Прво, пред било како да реагирате, пред било што да проговорите и пред било која ваша одлука пред да реагирате – длабоко вдишете.

Второ, направете анализа на вашите чувства. Размислете за тоа како се чувствувате – тажно, луто, разочарано. Кога ќе воспоставите рамнотежа, ќе се смирите и и ќе се почувствувате подобро, тогаш е време за разговор со партнерот.

Трето, поставете си ги овие прашања:

1.Што ќе добијам од тоа доколку претерано изреагирам?

2.Што можам да научам од оваа ситуација?

3.За што сум благодарен/благодарна?

Доколку ги повторувате овие чекори секој пат кога сте во стресна ситуација, тие ќе ви станат еден вид навика, а со тоа можете да го зачувате вашиот брак или врска.

psychologytoday.com

Loading...