Негативната енергија влијае врз вашиот живот дури и ако тоа вие не сакате да го прифатите. Еве како ќе се ослободите од неа и тоа за многу кратко време.

1.Имате навика да чувате направи за вежбање во спалната соба

Спалната соба треба да служи за одморање и интима, а не за енергија за работа и физичка сила која е потребна при вежбањето. Возење на статичен велосипед или работење на компјутер, па дури и гледање ТВ во спалната соба го уништуваат мирот кој е потребен за оваа соба. Тука мора да одморате, да спиете а не да вежбате и да работите.

2.Оставате неред во домот

Стари весници, расфрлани книги, валкани алишта, купишта играчки, ситници врз масата … сето тоа делува несвесно на емоционално ниво. Средувајте го својот дом, барем еднаш седмично за да се чувствувате ослободено, здраво и полетно.

3.Имате преполнети расфрлани плакари

Ако плакарите ви се преполни и не знаете што и каде ви е, тоа значи дека наутро сте под стрес, бидејќи не знаете што ќе облечете или каде ви се наоѓа она што сте сакале да го облечете.

Доколку некои алишта не сте ги облекле ниеднаш повеќе од неколку сезони, тоа значи дека време е да ги подарите на Црвен крст. Испразнете ги плакарите за да направите доволно место за алиштата кои всушност ви се потребни и ги носите.

Кога купувате нови алишта имајте го во предвид следново: колку парчиња сте внеле, толку треба да изнесете.

4.Имате празни ѕидови кои делуваат безживотно

Празните ѕидови не даваат задоволство, туку напротив. Одвојте време да го исполните својот дом со уметнички дела кои ве инспирираат, ве надахнуваат и ве прават среќни. Доколку немате доволно пари, послужете се со убави постери, плакати или тапети со интересен дизајн. Ако сте креативни направете некое ваше дело.

5.Го оставате ВЦ капакот од шолјата отворен

Жените веќе со години гласно или тивко опоменуваат за овој проблем и тоа со добра причина. ВЦ одводот може да биде непријатен и да ве направи несреќни.

Стекнете навика поклопецот од ВЦ шолјата секогаш да го чувате затворен кога шолјата не е во употреба. Затворајте ја и вратата од бањата.

6.Не ги миете редовно прозорите

Ако тоа не го правите редовно, многу е веројатно дека пропуштате многу работи. Прозорите се симбол на славата на вашиот углед. Кога стаклата се чисти и уредни, околината ќе ве уважува и ќе ве почитува. Кога се замаглени и валкани луѓето стекнуваат лош впечаток за вас.

7.Го игнорирате чкрипењето

Вратата која чкрипи, од влезните па до оние на плакарите, секогаш се знак дека сте инаетливи. Неколку капки специјално масло или восок, па и она обичното, маслиново, ќе го спречи чкрипењето на шарките. Со тоа докажувате дека сте подготвени и отворени за нови можности.

8.Ретко готвите

Вашата кујна е срцето на вашиот дом. Кога не се употребува, сите области од вашиот живот може да страдаат. Ако повеќе готвите дома, секако ќе бидете посреќни и поздрави.

Ако немате време за готвење, барем еднаш дневно сварете кафе или чај.

Вклучената рингла означува топлина, добредојденост и ваша виталност.

9.Чувате непотребни работи, подароци кои не ви се допаѓаат

Ослободете се од работите кои не ви се допаѓаат иако се нови и неискористени. Продолжете понатаму без окови на минатото.

10.За оние што имаат куќа: не го користат главниот влез

Вашата влезна врата е симбол за вашиот животен пат. Кога постојано влегувате во својот дом низ гаража или од задната врата, за кратко време може да се случи да ги изгубите своите животни цели.

Се ограничувате во можностите за напредување и ја губите личната смисла за креативност. Стекнете навика да ја користите главната влезна врата најмалку еднаш дневно.