Ако многу ви смрди прдежот – тоа може да значи 2 работи

-Што значи тивок прдеж, зачесетен прдеж, прдеж кој многу смрди…

Што значи ако прдежот смрди многу силно, а што значи ако не смрди воопшто? Дознајте како да ги протолкувате вашите прдежи.

Да се прдне е сосем нормално, бидејќи секое живо суштество кое јаде и пие, тогаш и прди. Гасот во цревата го создаваат бактериите кои ја разградуваат храната, но и воздухот кој го голтаме во текот на денот.

Бактериите произведуваат гас кога го разградуваат скробот и шеќерот кои нашиот организам не успеал лесно да ги свари. Секако, тој гас некаде треба да излезе – пишуваат од Little Things.

Еден просечен човек прднува околу 14-18 пати дневно, и тоа е добро. Тоа значи дека вашиот дигестивен систем добро функционира и дека имате доста добри бактерии.

Меѓутоа, во зависност од зачестеноста, мирисот на гасот може да послужи како сигнал за она што се случува во организмот. Еве што различните видови гас говорат за зашето здравје.

ПРДЕЖ БЕЗ МИРИС

Без грижи. Дури и ако прднете 18 пати на ден, повеќето гасови кои ќе ги испуштите се без мирис и никој нема да забележи. Можеби дури ни вие. Повеќето гасови кои ги испуштате се јаглероден диоксид.

СМРДЛИВ ПРДЕЖ

Смрдливиот вид го предизвикува водороден сулфид кој се создава додека се вари храна која содржи сулфур, како што се на пример, брокулата, карфиолот, млечните производи и гравот. Црвеното месо исто така може да предизвика смрдлив прдеж, но не толку брзо благодарение на хемикалијата тиол.

МНОГУ СМРДЛИВ ПРДЕЖ

Тоа обично значи дека имате супер здрава исхрана богата со влакна. Меѓутоа, исто така, може да укажува и дека сте интолерантни на лактоза. Не мора да се чувствувате болно, но ако ослободувате „смрдлива бомба“ набрзо после консумирањето на млечни производи, тоа значи дека вашиот организам тешко ги вари.

ТИВОК ПРДЕЖ

Звукот при испуштањето на гасовите всушност не е поврзан со вашето здравје. Тоа има врска со положбата на вашите мускули во моментот кога тоа се случило.

ЗАЧЕСТЕНИ ПРДЕЖИ

Тоа воопшто не е лошо. Но, ако тоа ви се случува навистина многу често, би можело да укажува дека сте изеле многу намирници кои предизвикуваат гасови или дека во вашиот дигестивен систем влегол многу воздух.

Во ретки случаи може да станува за раст на бактериите во тенкото црево што предизвикува зачестени гасови и подуеност. Но, обично тоа не е причина за згриженост.

Loading...