Обично кога подолго време отсуствуваме од дома, кога ќе се вратиме ја затекнуваме ВЦ шолјата во неред, со нафатен бигор и мувла. Ова често е случај со викендиците.

Но покрај упорното триење со четката, овие дамки и бигорот никако не можат да се отстранат. Меѓутоа, пронајдовме еден генијален трик кој не е токсичен и не чини скапо, а сепак е ефикасен и делува. Со овој едноставен трик ќе ја исчистите тоалетната шолја на сосем природен начин.

За овие упорни дамки главниот виновник е „тврдата“ вода. Таа во себе содржи многу минерали, како што се бигор, калциум и силициум диоксид.

Иако редовно ја чистите ВЦ школката, дамките и натаму остануваат, а употребата на разни хемикалии неповолно влијаат врз вашето здравје, посебно на децата.

Наместо да трошите часови и часови во чистење, погледнете ја снимката подолу, и ослободете се од досадните дамки кои сигурно ги имате дома.

За почеток е потребно да ја исфрлите целата вода од ВЦ школката, а потоа внатре да истурите оцет. Земете тоалетна хартија, натопете ја во оцетот, па залепете ја околу школката (како што ќе видите на снимката).
Вака нека преноќи, потоа истријте со четката, а резултатот ќе ве изненади!

Коментар на Сузана Атанасова:

”Pred spienje vo wc soljata isturam dve paketcinja pecivo i alhoholen ocet i taka stoi do izutrina potoa so cetkata od wc to iscistam se sto ima na dnoto od soljata izleze.”

Погледнете го видеото: