Дури и ако сте имале 8-часовен ноќен, цврст сон, веќе некаде околу 15 часот чувствувате нагло паѓање на енергијата и многу ви се спие? Тоа редовно ви се случува дури и кога ќе се вооружате со грицки и кафе? Константната поспаност и силниот замор се всушност симптоми на една подмолна болест, па затоа би требало да ги исконтролирате своите симптоми.

Новата студија објавена во списанието “JAMA Neurology” вели дека прекумерната поспаност во текот на денот може да биде ран знак за Алцхајмерова болест. Минатите студии открија дека дремењето во текот на денот помага да се отстранат некои протини (амилоиди) кои ги уништуваат мозочните клетки. Пред оваа студија научниците не знаеја дека природното создавање на амилоиди доведува до пореметување на спиењето и дека придонесува за нивната изградба.

Доктор Прашанти Вермури, професор по радиологија на клиниката Мајо спровел студија во која го истражувал уморот на Алцхајмеровата болест. Во студијата учествувале 3000 лица.

Од таа група доктор Вермури одбрал 283 возрасни лица, без деменција. Сите лица кои биле постари од 70 години и редовно им биле правени скенови на амилоидите во мозокот, а покрај тоа и одговарале на прашања за своите навики во спиењето.

Околу 22% од учесниците пријавиле дневна поспаност, а кај нив било забележано зголемено ниво на амилоиди. Она што загрижува е дека протеинот главно се акумулира во деловите од мозокот кај лицата со Алцхајмерова болест.

Студијата не открива дали вишкот амилоиди го предизвикува проблемот со поспаноста или е спротивно, но секако е доказ дека спиењето и здравјето на мозокот и се поврзани.