Овој напиток има различни називи: Мастика, Анасонка, Узо, Миштрал…

Летно време растението Pistacia lentiscus се засекува, а од него започнува да капе смола во облик на солзи кои во есен се собираат. Во секој случај ова е ракија од анасон и коморач, а некои ја прават без додавање на коморач.

Како и да е, она што е карактеристично за оваа ракија е тоа што има совршен мирис и идеална е за лекување на гастритис и општо за болки во желудникот, грчеви, подуеност, намалува шеќер, помага при проблеми со белите дробови.

Потребни состојки:

1 литар алкохол 70%
3 ѕвезди анасон (по желба)
1 голема лажица семе од анасон
1 голема лажица семе од коморач (по желба)
2-3 солзи смола од мастика (по желба)
100 г шеќер

Постапка:

Во алкохолот ставете го анасоност, коморачот и трите ѕвезди од анасон. По традиционалниот рецепт не се употребува ѕвездест анасон, но има многу убав мирис, па доколку го имате штета е да не го ставите.

Шишето со ракија оставете го на темно и ладно место. Повремено преврете го за да се измеша семето. Не го протресувајте. Оставете го вака околу 30-40 дена.

После тоа ракијата треба да се процеди на следниот начин: Смолата се става во блендер и се меле, па се меша со шеќерот. Потоа заедно се става во ситна цедалка (а може врз цедалката да се постави и газа). Потоа полека се процедува ракијата, така што да тече и минува низ иситнетата смола и шеќер.

Наводно, на овој начин шеќерот подобро се мешал со ракијата. Ако пак не можете да набавите смола, ракијата процедете ја само низ шеќер.

Вака добиената ракија складирајте ја во шишиња. Уживајте во вкусот и мирисот.

Оваа ракија може да се пие како ликер, но најчесто се послужува во високи цилиндрични чаши, во кои се става по 100 мл и се долева ладна вода. Исклучително освежителен пијалак летно време, поради „бронхи“ мирисот и вкусот на анасон.

Се вели дека само конобарите не го сакаат овој пијалак (мала шега), а Турците го нарекуваат „Лавовско млеко“, веројатно затоа што во контакт со вода побелува.