Ако при одот ве мачат силни болки, а коленото “не ве слуша”, применете методи за обновување на оштетената рскавица и сопрете го уништувањето на зглобот.

Основната функција на зглобната рскавица е максимално да го ублажи триењето помеѓу зглобните површини при одењето. Рскавицата со текот на времето ја губи својата еластичност, со што доаѓа до појава на болки и ограничена подвижност на зглобот. Ваквото оштетување може да настане од различни причини: траума, директен удар, локална повреда или притисок врз рскавицата, вишок килограми.

Денес постојат најразлични медицински лекови за помош на зглобната рскавица – хондропротектори, но тие на секој пациент различно делуваат. Притоа, не овозможуваат целосно обновување на рскавицата.

За да го спречите понатамошното уништување на рскавицата, преземете ги следните мерки:

-потрудете се да одржувате нормална телесна тежина. Доколку имате вишко килограм, применете некоја диета со која ќе ги исфрлите простите шеќери и масната храна. Кога ќе елимирате неколку вишок килограми, ќе се намали притисокот врз болниот зглоб.

-По правило, болниот зглоб ги тера луѓето помалку да се движат, но без движење самиот зглоб помалку се исхранува и како што се вели народски, може да “за’рѓа”. Доаѓа до деградација на зглобната ‘рскавица. Докторот треба да ви препорача какви вежби треба да правите.

-Многу е корисно и пливањето, бидејќи водата им го дава на мускулите потребниот тонус. Во водата ги совладувате движењата без земјина тежа, со што е исклучена можноста од компресивни притисоци на зглобот.

-Користете ортопедски влошки за правилно да го распоредите притисокот во зглобот.

-Пијте доволно течности за подобро здравје на зглобот.

ОБЛОЗИ, НАПИТОЦИ, ЧАЕВИ

Облога од овесни снегулки

Три лажици овесни снегулки прелијте ги со чаша вода и варете на тивок оган седум минути. Топлата каша ставете ја како облога на болното место, а потоа покријте со газа и фиксирајте со завој. Оставете да делува два часа, а може и преку цела ноќ. Облозите ставајте ги секојдневно до подобрување на состојбата.

ЗАТОПЛУВАЈТЕ ГИ БОЛНИТЕ ЗГЛОБОВИ СО ВОДЕНА ПАРЕА

Во случај на дегенеративна артроза корисно е да се парат болните зглобови. Ставете во еден леген топла вода, додадете три лажици мешавна од сода бикарбона и сол (1:1). Потопете ги нозете па со овој раствор масирајте ги болните зглобови 15 до 20 минути. Не ги бришете, туку облечете волнени чорапи. Оваа постапка треба да се повторува секоја вечер пред спиење, три месеци по ред.

ЧАЈ ОД ГЛУВАРЧЕ

Чајот од корен од глуварче прелиен со чаша врела вода, може да помогне во обновувањето на зглобната рскавица.

МЕД И ОЦЕТ

На болното место може да ставите смеса добиена од лажица мед помешана со три лажици јаболкова киселина. Можете да ставите и лист од зелка кој претходно сте го попариле со врема вода. Само треба да го фиксирате со газа или памучна крпа и да оставите да делува преку цела ноќ.

РИБА И ЛЕНЕНО МАСЛО

Јадете повеќе намирници кои содржат масн киселини (харинга, јапонска или обична скуша, лосос…) и ленено масло – по две лажици дневно.

ВЕЖБИ

Во време на ремисија добро е наутро да се прават вежби. Кога ќе се разбудите, легнете на грб и кружете со нозете во воздух имитирајќи возење велосипед. По 5-6 пати доведувајте го секое колено до градите.

ДИВ КОСТЕН И ВОДКА

Потребн ви се диви костени и водка. Исечете ги костените на четвртини и ставете ги во тегла. Наполнете ја теглата, но оставете околу 5 см простор од врвот. Долијте со водка, 2-3 см над костените. Цврсто затворете ја теглата и оставете да отстои на темно место на собна температура три цели седмици.

Потопете памучна крпа во тинктурата и завиткајте го болното колено. Одозгора фиксирајте со сува крпа и пластична фолија. Ова направете го навечер пред спиење и оставете да делува преку целата ноќ.

Многу брзо ќе ги почувствувате првите резултати.