Оваа магија користете ја за да се ослободите од негативна енергија, од лоши дела, уроци или за прочистување од зло.

Навечер, после полна Месечина, пред одење на спиење, запалете 13 бели свеќи. Наполнете ја кадата со топла вода, пожешка, колку што можете да поднесете. Додадете една шолја морска сол, еден грст жалфија, еден грст лаванда и еден грст камилица. Најдобро би било кога би имале приготвено платнени кесички за билките, но и така ако ги ставите нема да погрешите, ќе испливаат на површината.

Промешајте ја водата, солта и билките во кадата. Соблечете се, клекнете или седнете пред кадата и повторувајте неколку пати:

„Што е направено, направено е, сега изгубено е. Секое лошо дело нека се избрише. Просветли ме, обземи ме и душата прочисти ми ја. Влегувам во свет простор. Во блаженство и мир престојувам, со радост прочистувањето го славам. Нека биде, нека биде, нека биде. Направено е!“

Влезете во када и дозволете водата да ви го исчисти телото од нечистотии, лоши енергии и уроци.

Со дланките трипати зграбете вода и полејте се по чело и глава. Замислете дека водата ве чисти и благословува. Останете во када додека водата да излади.

Изгасете ги свеќите и заминете на спиење.

Напомена: текстот е информативен.