Водолија

Водолиите се неверојатно романтични суштества, нивната идеја за љубовта е како онаа од приказните. Тие се мирни и знаат дека за еден среќен живот се потребни многу компромиси и поддршка, а тие имаат во изобилство од тоа и го даваат од срце на својот партнер.

Водолиите се силно приврзани кон своите партнери и можат да го превртат светот, за да направат се што се бара од нив.

Ако една Водолија се заљуби во вистинската личност, невозможно е да се сака друг до крајот на животот. За тоа претставниците на овој знак ги создаваат едни од најпознатите, долгорочните и угледни семејства.

Рак

Раковите се тешко освоива тврдина. Тие се затворени кон широк спектар на партнери и немаат потреба да пробаат со многу, за да знаат што сакаат.

Кај нив важно е нивното срце да зборува, не разумот, за тоа и понекогаш чекаат подолго за да се појави совршениот човек за нив .

Тие сакаат вистински само еднаш во животот и засекогаш до крајот. Способни се да обезбедат атмосфера, спокојство и сигурност на својот партнер. Раковите знаат каква одговорност имаат на својот грб, кога сакаат даден човек, и за тоа нема да го предадат на каков и да е начин.

Овен

Точно е дека овните поминуваат низ многу љубови и врски, додека ка најдат својата вистинска половина, но ја најдат ли еднаш, останува за цел живот. Тие живеат бурно, имаат многу врски и често изгледаат лесни во очите на околината, но тоа не е така.

Овните се способни да љубат најсилно кога го откријат токму она што се бараа. Тие му го даваат целиот свет на човекот кој го освоил нивното срцае и никој и ништо не може да ги наведе да си заминат или да го повредат партнерот.

Многу се грижат, многу се одговорни и најразумни. Тие знаат дека вистинската љубов се јавува еднаш во животот,а за тоа се подготвени да се борат по цената на сè.