Околу 15% од сите емисии на стакленички гасови се создаваат поради исечените дрва, а безброј растителни и животински видови ги губат своите живеалишта.

Секој поединец пред ваквата девастација главно се чувствува мал и беспомошен, но не и бразилскиот фотограф Sebastião Salgado и неговата сопруга Lélia Deluiz Wanick Salgado, кои одлучиле да им покажат на остатокот од светот што може да направи една мала група посветени и еколошки освестени луѓе во процесот на пошумување.

Салгадо е познат фотограф, добитник на бројни награди и автор на неколку книги. Уште во 90-тите години, исцрпен и физички и емотивно, откако го документираше геноцидот во Руанда, тој одлучи да се врати во домот во Бразил, кој некогаш бил прекриен со бујна тропска прашума.

Бил шокиран кога затекнал опустошени шуми од кои исчезнале сите диви животни. Но, не му се препуштил на очајот, бидејќи тој и неговата сопруга верувале дека можат да ја обноват шумата.

„Земјата е болна како и мене, се’ е уништено“, изјавил тој за Гардиан уште во 2015 година. „Само околу 0,5% од земјата беше покриена со дрва. Тогаш мојата сопруга доби неверојатна идеја да посади шума. Кога започнавме со пошумувањето се вратија и птиците и рибите, а како растеше бројот на стебла и јас се чувствував се подобро и подобро“.

Салгадо и Лелиа го основале Институтот Тера, мала организација која оттогаш засадила 4 милиони дрвца и „од пепел ја реинкарнираше“ шумата. Јаглеродниот диоксид дрвата го претвораат во кислород, а за да се вратат штурците, змиите, термитите и останатите животинки, требаше да засадиме автохтони дрва. Засадената област се препороди следните 20 години. Сега на местото каде владееше смртна тишина повторно се слушаат звуците на шумата кои ги произведуваат птиците и инсектите.

Се вратија 172 видови птици, 33 видови цицачи, 15 видови влекачи и 15 видови водоземци како и 293 растителни видови, целиот екосистем се обнови од нула- изјавил Салгадо.

Проектот инспирираше милиони луѓе како конкретен пример за позитивна еколошка акција и покажа како околината може да се опорави ако силите правилно се насочат. „Ако ја уништиме природата, ќе се уништиме самите себеси“ – заклучува Салгадо.