Колешките сите на работа беа воодушевени со вкусот, а потоа кога им го кажав рецептот и од едноставноста на приготвувањето, а покрај тоа и од убавиот изглед. Во овој колач има јаболка, ореви и гриз, сето тоа спакувано со шлаг од слатка павлака.

Потребни состојки:

1 чаша од 200 мл шеќер
3 јајца
1 чаша гриз
1 чаша млеко
3 лажици остро брашно
½ прашок за печиво
1 ванилин шеќер
1 чаша мелени ореви
3 кисели јаболка ситно рендани
½ шолја масло

за фил:

500 мл слатка павлака изматена во шлаг

Постапка:

Гризот натопете го во млекото и оставете го 15 минути да отстои.

Сите состојки добро изматете ги со миксер, додадете го натопениот гриз и смесата излејте ја во плех 35х20 см претходно намастен и набрашнет.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу половина час или додека да фати убава златна коричка одозгора и да почне да се одлепува од плехот. Проверете со чепкалка за заби дали е печено.

Печениот и изладен колач исечете го на половина. Горната половина издробете ја во трошки и измешајте ја со шлагот од слатката павлака.

Премачкајте врз долната кора, а одозгора изрендајте чоколадо. Уживајте во вкусот!