Потребни состојки:

2 лажици желатин

3 лажици вода

200 мл слатка павлака за шлаг

200 г црно чоколадо

Постапка:

Измешајте го желатинот со ладна вода. Оставете 10 минути да набубри. Внимателно загрејте неколку секунди (6-8) во микробранова печка додека целосно да се растопи.

На тивко загрејте ја слатката павлака. Тргнете од оган и додадете го искршеното чоколадо, па мешајте додека да се растопи. Додадете го и растопениот желатин. Почекајте некоја минута додека глазурата да се растопи (околу 37 степени), а потоа прелијте ја преку колачот. (за побрзо ладење мешајте со жица за матење).

Тортата која ја декорирате ставете ја на метална решетка, а глазурата која ќе се исцеди може повторно да се употреби додека е течна. Пред декорирање пожелно е тортата убаво да се измазни, да нема нерамнини. Оваа количина е доволна за торта 28-30 см.

Десертот изладете го за да се стегне глазурата. Пред сечење, ставете нож во врела вода, избришете го, па засечете. За секое повторно сечење, ножот повторно натопете го во врела вода.

Чоколадната глазура е совршена и после долго стоење на собна температура.