Ако имате коса која брзо се масти, тогаш треба да знаете дека со честото миење состојбата може само да се влоши.

За да го избалансирате претераното лачење на лојните жлезди, посегнете по природни средства. Ако често ја миете косата, ја сушите кожата на темето, а лојните жлезди тоа ќе се обидат да го амортизираат со засилено лачење на лој.

Влакното од косата ќе биде исушено и измастено истовремено, без сјај и живот во него.

Овој проблем можете лесно да го решите со употреба на билковни чаеви. Имено, после секое регуларно миење на косата и темето добро измасирајте 1-2 литри (во зависност од должината на косата) концентриран чај од една од наведените билки:

-ловоров лист

-корен од чичок

-невен

-камилица

-коњско опавче

-маточина

-лаванда

-коприва

-питомо нане

-рузмарин.

Користете било која од оваа билки, сите се лековити и ефикасни за ваков вид на проблем.

За да го сварите чајот, приближно на 1 литар зовриена вода ставете 10 рамни лажици сува билка, поклопете, а после 15 минути процедете.

На чиста и измиена коса нанесете го чајот со лесно втривање, а потоа главата завиткајте ја во најлон кеса и пешкир, па оставете да делува околу 20 минути. Потоа исплакнете со млака вода.