Лековити делови на црешата: за берење и преработка се погодни цвет, лист и кора кои се собираат пролетно време, а плодот во мај и јуни, во зависност од сортата, кога се собираат семките и дршките од кои се приготвува чај.

Лековитост: Црешата одамна се користи во народната медицина, бидејќи делува благотворно и лековито врз организмот, и тоа пред се’ на цревната флора и работата на цревата, како и кај опстипација и за детоксикација на цревата.

Како диуретик е незаменлива храна за срцеви болните бидејќи ја елиминира подуеноста, која им пречи. Освежителното дејство на црешите помага при слаба функција на црниот дроб и жолчното кесе, на природен начин да се надополнат минералите, ја ублажува кашлицата и го олеснува искашлувањето.

Црешовите дршки се ефикасни во лекувањето на воспалението на уринарните канали и камењата во нив, а се применуваат како чај. Успешно се елиминира заморот и цревните паразити, се смирува организмот и мазната мускулатурата, се смируваат нервите. Смолата од црешовото стебло кога ќе се раствори во вино, лекува хронична кашлица. Од семките се произведува масло кое се користи за лекување на последиците од срцев удар.

Предупредување: Црешите треба да се јадат кога се целосно зрели, после јадење и после нив не треба да се пијат течности. Незрелите цреши создаваат потешкотии во органите за варење.

Од црешите се произведува ликер и подобрувачи на вкус и боја кај други намирници. Од црешовото дрво се прави мебел.

РЕЦЕПТИ:

Лековит третман за детоксикација:

Дневно се јаде 1-2 кг цреши – за подобрување на дигестијата, детоксикација на цревата и целиот организам, за чистење на крвта, за уништување на цревните паразити. Се јадат само цреши, а покрај нив може да се пијат и билковни чаеви со малку двопек.

Чај од дршки:

Одличен е за заболување на бубрези и мокрачни канали, а се приготвува на следниот начин: една шака црешови дршки се варат околу 3 минути во еден литар вода, па се поклопува и после еден час се процедува. Чајот се пие во текот на денот во голтки, засладен со мед.

Рецепт за бистар сок:

Се мијат 5 кг цреши без дршки и семки, па се ставаат во сад и се наросуваат со 1 кг шеќер. После 2-4 часа, со помош на соковник се цеди сокот, се става неколку минути на оган да провари, па се стерилизира во стаклени шишиња и се затвора.

Во отсуство на соковник црешите може да се испасираат низ густа газа или памучна крпа за да се исцеди бистар сок. За подобрување на вкусот во сокот може да се додадат стапчиња цимет или некој друг зачин.

Добро е да се прави сок од цреши и вишни заедно. Се пие по 200 мл разреден со вода, 3-4 пати на ден. Количината може да се зголеми кај посилни терапевтски дози.