Летото е за да се покажат тетоважите, но не е никако за да се прават, особено пред да заминете на море.

За тоа ја имате целата година, па искористете ја паметно за да не станете жртви на соленатаа вода и оштетената кожа.

Докторка кој во летниот период работи на грчките плажи сподели фотографии од лица кои добиле инфекција на кожата откако се капеле во морска вода непосредно по тетовирањето.

Предупредување за оние кои неодамна се тетовирале:

Не смеете да влегувате во морска вода минимум две седмици од тетовирањето, бидејќи може да дојде до сериозни кожни инфекции – предупредува дерматологот Горана Исаиловиќ, автор на фотографиите.

Таа предупредува и дека кожата не смее да се изложува на сонце барем една седмица по тетовирањето.

Периодот на посебна заштита може да трае и до неколку седмици, во зависност од тетоважата.

Со тетовирањето се оштетува заштитниот слој на кожата, епидермот, а оштетувањето зависи од видот на тетоважата, длабочината на тетовирањето, боите.

Мора да се почитуваат советите од тату-мајсторот, но и вашиот дерматолог – вели таа.

Покрај можните инфекции, морската вода може да влијае и врз самиот квалитет на пресната тетоважа.