Десерт од гриз каков не сте пробале – готов за 10 минути а вкусот ќе ве маѓепса!

Потребни состојки:

80 г гриз

150 г шеќер

750 мл млеко

1 јајце (45 г)

1 ванилин шеќер

1 голема лажица мед

2 поголеми банани (160 г)

50 г сечкани ореви

30 г мед

50 г какао

100 г суво грозје

½ лажичка лимонов сок

Постапка:

Во млекото додадете шеќер, ванилин шеќер и едно јајце, па добро промешајте.

Додадете гриз, ставете на умерен оган да се вари со постојано мешање за да не загори.

Се готви околу 10 минути, додека да згусне.

Сувото грозје потопете го во вода или сок да отстои околу 5 минути.

Бананите исечкајте ги на тркалца, а оревите сомелете ги во блендер.

Сето тоа наросете го малку лимонов сок и додадете мед, па убаво промешајте. Додадете го и сувото грозје.

Пригответе ги садовите во кои ќе го сервирате десертот.

Во секој сад ставете рамномерно еден слој од гризот, па прелив од мед, па повторно гриз.

Одозгора ставете малку сладок прелив од мед и ореви, а по желба украсете и наросете малку какао во прав или нарендајте малку чоколадо.

Loading...