Брзите фритули се нешто што честопати ги правиме зошто многу се многу вкусни, цел ден ќе ви мириса прекрасно!

Потребни состојки:

400 мл јогурт
2 јајца
2 ванилин шеќер
Малку сол
2 лажици шеќер
20 лажици меко брашно
1 прашок за печиво
1 лажици ракија
Масло за пржење

Постапка:

1.Замесете ги сите состојки, да се добие мазна смеса. Доколку сметате дека смесата е ретка (ако се разлева низ жицата) слободно додадете уште некоја лажица брашно.

2.Вадете со лажица (со помош на уште една лажица или со помош на прстите одвојувајте ги) од смесата и пржете во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело!

3.Штом заруменат (а тоа е брзо), свртете ги на другата страна и оставете да се испржат до крај.

Ако ги пржите во длабоко масло каде убаво пливаат, тие ќе започнат само да се вртат.

4.Вадете ги во сад во кој на дното сте подметнале хартиена салветка за да го впие вишокот маснотија.

5.Наросете со шеќер во прав и наросете.

сoolinarika.mk