Еден филџан од ова овошје има само 104 калории, па се препорачува и за оние кои сакаат да ослабат.

Со напомена единствено да внимаваат дијабетичарите, затоа што еден мал грозд од 100 грама содржи околу 15 грама шеќер.

Најпознатото есенско овошје го „чисти“ телото од штетни материи и доведува до побрзо согорување на резервните масти.

Поради тоа што содржи дури 80% вода, грозјето претставува совршена намирница која придонесува за детоксификација и го забрзува метаболизмот. Ова есенско овошје го чисти телото од штетни материи и доведува до побрзо согорување на резервните масти.

Следното МЕНИ го осмислила Ана Бинс, позната британска нутриционистка, со кое се губат до 3 килограми седмично, без поголем напор и одрекување.

Во текот на овој режим на исхрана, потребно е да се одбегнува: шеќер, сол, грашок, грав, мајонез, квасец и оцет.

ПРИМЕР ЗА МЕНИ:

Прв ден

Појадок: интегрален леб, две шницли пилешко, чаша млеко или јогурт
Ужина: 200 г црно грозје
Ручек: варено јајце, 250 г мешан варен зеленчук зачинет со малку маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб
Ужина: 200 г бело грозје
Вечера: 150 г печени јунешка шницла зачинета со две лажици маслиново масло, 40 г леб, пире од јаболко

Втор ден

Појадок: 50 г мусли со јогурт
Ужина: чаша сок од грозје или 150 г бело грозје
Ручек: 100 г печено бело месо, 250 г мешан варен зеленчук зачинет со лажица маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб
Ужина: 150 г црно грозје
Вечера: 120 г ослич на скара и 250 г салата од пченка и морков зачинети со малку маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб

Трет ден

Појадок: овошен јогурт
Ужина: 200 г бело грозје
Ручек: 100 г тестенини со сос од домати и две лажици рендан кашкавал
Ужина: овошна салата од јаболка, круши и грозје
Вечера: 150 г младо сирење, 250 г мешан сиров зеленчук со маслиново масло, лимонов сок, 40 г интегрален леб

Ги зајакнува коските

Богато е со витамин К кој е важен за здравјето на коските, додека витаминот Ц е моќен антиоксидант кој го забавува стареењето и ја потпомага апсорпцијата на железо.

Спречува воспаленија

Ако јадете еден или два филџана грозје во текот на денот, ќе го намалите ризикот од воспалителни процеси во телото кои се причина за многу хронични заболувања.

Го чува срцето

Содржи бројни соединенија кои го држат под контрола крвниот притисок.

Црното грозје содржи антиоксидант ресвератрол кој делува благотворно на организмот, особено на кардиоваскуларниот систем. Спречува згритчување на крвта, поттикнува циркулација, ублажува воспалителни болести на цревата, а позитивно влијае и кај дијабетесот.

Белото грозје нема толку хранливи состојки како црното. Добар извор е на витамини А, Ц и К, како и некои минерали како калциум и железо. Нутриционистите напоменуваат дека ова овошје ги решава проблемите со дигестијата, но и дека има помалку оксална киселина од црното, што некои студии ја поврзуваат со создавање камења во бубрезите.