Овој рецепт иако не доаѓа од нашите краишта, се надоврзува на традицијата која кај нашиот народ е позната уште многу одамна како облога од кромид и компир за различни воспалителни состојби. Им препорачуваме на сите кои имаат некој од наведените проблеми да го пробаат овој природен метод за да се ослободат тегобите.

Германско-американскиот „татко“ на суровата исхрана и автор на книгата „Да се живее без болест“, Ернст Гунтер, своевремено објави интересен рецепт за лекување на артритис, гихт, ишијас, реума, како и други воспалителни и болни состојби на зглобовите, колковите, прстите во раце, нозе, колена и болна бета, односно шилци.

Лекот се состои во вид на облози кои се ставаат на болни места и кои делуваат директно на местото на кое проблемот се манифестира.

ПОСТАПКА

Потребни ви се компир, црвен кромид и ленено семе.

Потопете полна супена лажица ленено семе во 200-300 мл вода. Водата варете ја 10-тина минути додека да се создаде слузна смеса. Истовремено измијте го компирот и изрендајте го заедно со кората. Изрендајте и една главица црвен кромид (со средна големина). Кога водата со лененото семе ќе излади, додадете го кромидот и компирот, па убаво промешајте. Исцедете го вишокот од течноста.

-Доколку станува збор за проблеми на прстите од рацете или нозете, односно петата, смесата ставете ја во стари ракавици или чорапа, па облечете ги, а одозгора фиксирајте со најлонска кеса која добро ќе ја врзете за да не протекува.

-На други делови од телото како што се колкови, ‘рбет, ребра, колена и слично, предлагаме смесата прво да ја завиткате во газа и да ја ставите на заболеното место, а потоа целата област завиткајте ја со некој завој или проѕирна фолија која смесата ќе ја одржува припиена за заболеното место.

Овие облози е потребно да се држат во текот на ноќта, односно за време на спиењето, на заболените места, наутро да се фрлат, а местата да се измијат со сапун и вода.

Доколку кромидот евентуално ви ја иритира кожата, односно прави црвенило, тогаш најпрво намачкате ја кожата со некој масен крем или маслиново масло или ставете подебел слој газа.

Истовремено со користење на овие облози однадвор, потребно е редовно и секојдневно да се користи ленено масло кое ќе делува одвнатре. Постапката треба да се повторува редовно кога сте во можност, се додека оваа смеса не го „извлече“ заболувањето од телото.

Стресот е најчестиот извор на болки во долниот дел од грбот, тврди д-р Џон Сарно. Ако таа болка не е последица од повреда или девијација или моментни животни околности, туку потиснати и неразрешени емоционални проблеми кои предизвикуваат напнатост во телото и спречуваат доток на кислород во ткивата.

Овој пионирски пристап им помогнал на илјадници луѓе, а во книгата открива колку е цврста и нераскинлива врската помеѓу умот и телото, и како со освестување на вистинските причинители за болка можете засекогаш да ги исцелите своите проблеми со грбот.