Многу вкусни и меки како душа!

Потребни состојки: ½ сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 200 мл млака вода / млеко, 300 г брашно, 1 јајце и маслку масло. За премачкување: 1 жолчка
и сусам за наросување.

Постапка: Во млака вода или млако млеко растворете го квасецот со лажичка шеќер. Кога ќе се активира додадете му јајце и брашно, па замесете тесто. Оставете го тестото да отстои додека се удвои.

Надојденото тесто премесете го и поделете го на мали точиња. Обликуваните топчиња распоредете ги во намастен плех и премачкајте ги со жолчка, а одозгора наросете ги со сусам.

Со остар нож засечете ги декоритивно на врвот, во вид на ѕвездичка или цвет. Печете ги во загреана рерна на 250 степени додека да зарумена. Извадете ги од рерна, полијте ги со една лажица млеко, вратете уште една минутка, па извадете ги конечно и покријте ги со крпа.