Фото и рецепт: Дијана Поповиќ

Кога ќе прочитаме дека некој природен лек содржи лук, веднаш го прескокнуваме, зошто не сакаме да “смрдиме” и сите да бегаат од нас. Но со овој напиток не е така, со вкусот потсетува на џус од цитрон.

Многу е здрав, не само за лицата кои имаат проблем со кардиоваскуарниот систем, туку и за сите останати кои сакаат да го одржуваат своето здравје.

Потребни состојки:

30 чешниња лук (да не е кинески!)
5 лимони
1 литар вода
2 лажици оцет или 1 кесичка сода бикарбона

Постапка:

Лимоните добро измијте ги со ладна вода, а потоа ставете ги во раствор од вода и оцет или сода бикарбона, за да се извлече евентуалната нечистотија од кората. Потоа само убаво исплакнете ги уште еднаш со млаз ладна вода.

Потоа лимонот исечкајте го заедно со кората, додадете ги и лукчињата и водата, па ставете на оган да зоврие. Штом зоврие по 2 минути исклучете го огнот и оставете смесата да излади.

Колку можете повеќе изгмечете ги лимонот и лукот, па убаво процедете низ цедалка и добиената течност складирајте ја во стаклено шише.

Се добива точно 1 литар напиток кој треба да се чува во фрижидер. Се пие по мала ракиена чашка пред јадење, еднаш дневно, а најдобро наутро.

Вкусот и изгледот потсетуваат на џус од цитрон. Терапијата трае три седмици. Најмногу се препорачува за лица со висок крвен притисок. Доколку болните веќе земаат терапија, треба претходно да се консултираат со својот лекар и да не се консумира овој еликсир истовремено со лекот.