Еурокрем топчиња готови за 15 минути, со вкус на лешник и кокос!

Многу се вкусни топчињата, едноставни и за многу кратко време се приготвуваат. Една мана имаат, калорични се, па треба да се воздржите и да изедете само неколку.

Потребни состојки:

800 г еурокрем
400 г путер
2 бели Милка чоколади
2 црни Милка чоколади
200 г лешници
200 г мелени бисквити
200 г бадеми
-кокос и мелени лешници за валкање и декорација

Постапка:

На тивок оган растопете црно чоколадо со 200 г путер, а потоа додадете црн еурокрем, па мешајте и додавајте ситно сечкани лешници и 100 г мелени бисквити.

Брзо тргнете од оган и оставете смесата да излади.

На тивок оган растопете бело чоколадо со 200 г путер, па додадете бел еурокрем и ситно сечкани бадеми. Мешајте на тивок оган, а потоа додадете ги мелените бисквити.

Кога ќе излади смесата, правете топчиња и валкајте ги во кокос или во мелени лешници.

Loading...