Секој од нас има биолошки часовник со кој “управува” збир од нервни клетки во хипоталамусот.

Но, хронобиолозите тврдат дека постојат периоди од денот кога е најдобро да се консумира својот оброк. Истражувањата покажале дека навистина е многу важно времето на оброкот, особено доколку се обидувате да ослабете.

Појадокот никако не смее да се прескокнува, а најдобро време за појадување, според експертите, е околу 7 часот, поточно во 7:11 минути.

Пред појадокот добро би било да испиете чаша вода бидејќи повеќето од нас се будат дехидрирани. Ако сакате да одржите здрава телесна тежина, најдобро време за ручек е помеѓу 12:30 и 13 часот, а вечерата никогаш не смее да биде после 19 часот.

Во тоа време нашиот организам веќе започнува да успорува и се приготвува за ноќен одмор, па потребно е да се јадат полесни јадења и никако после 19 часот. Се успорува и дигестијата па постои можност поголемиот дел од вечерата да се складира во залиха, особено затоа што навечер и физичките активности се успоруваат.

Секако неколку минути поминете на отворено, на дневна светлина во текот на утрото бидејќи на тој начин ќе го намалите ризикот од несоница, а ако ве “фати” желба за нешто благо, тогаш почастете се нешто малку околу 11:30, пред ручекот, велат експертите.