Разликата помеѓу мажите и жените е огромна. Ова особено е точно кога станува збор за врските. Кога мажите изневеруваат, жените немаат воопшто идеја дека такво нешто се случило и зошто и што е тоа што го навело нивниот партнер да застрани. Прочитајте кои се најчестите причини кои го наведуваат мажот да изврши неверство и покрај тоа што си ја сакаат сопругата. Можеби ова ќе ви ги отвори очите и ќе спречите навремено и вие да станете изневерена жена.

1.БАРА ПРИЈАТЕЛСТВО

Некои жени почнуваат константно да им приговараат на мажите после некое време поминато во брак. Мажите тогаш започнуваат да бараат женско друштво кое нема да ги осудува и кое ќе разбира низ жто тој поминува. Тие сакаат жена која ќе ги прифати такви какви што се.

2.САКА ДА СИ ИГРА

Мажите понекогаш се детинести и не сакаат да ја прифатат одговорноста која ја носи бракот. Можеби желбата и мечтата за времето кога не биле врзани во брак ги тера да бараат друга жена која со нив ќе се однесува спонтано.

3.САКА НЕЗАВИСНИ ЖЕНИ

Повеќето мажи сакаат жени кои умеат да се грижат за себеси. Не сакаат да бидат со некој кој цело време зависи од нив.

4.САКА ЖЕНА КОЈА Е СРЕЌНА

Ако мажот почувствува дека повеќе не ве прави среќна, тој можеби ќе побара жена која ќе умее да ја усреќи. Мажите сакаат партнерка која е задоволна во врската.

5.БАРА НЕШТО ШТО ВИЕ ГО НЕМАТЕ

Да, ова е многу плитко, но вистинито. Ако сте престанале да водите сметка за себеси после венчавката, тој може ќе побара некоја поатрактивна жена.

6.ГИ ПРЕЗИРА СОЛЗИТЕ

Повеќето мажи не знаат како да одговорат на солзите. Тие во такви ситуации не знаат што да прават или што да кажат, па поскоро бараат некој друг наместо да се соочат со проблемите во врската или бракот.